Ослободете се од депресијата со вежбање и медитација

 

Ефикасен метод за заштита од депресија е физичката активност.Колку  e поголема, толку e помал  ризикот од депресија.Дури и 30 минути прошетка 3 пати неделно е ефикасно во лечењето на депресија.

 

 

Вежбата ја зголемува активноста на невротрансмитерите допамин и серотонин кои се одговорни за чувството на среќа и смиреност.

Веројатно и сами сте забележале дека по напорна вежба или работа, иако сте физички уморни, се чувствувате психички добро.

Дел од вежбите ја зголемуваат самодовербата и чувството за контрола, како и ендорфините во крвта

 

Медитација пак е ефикасна исто колку и лекови во намалувањето на депресијата. Јогата е одлична за расчистување на мислите, но ако не е по ваш вкус, тогаш можете да одделувате по десет минути секое утро за длабоко дишење. А ако не ви се стои во место и сакате да се движите, пробајте го овој метод на медитација: бавно пешачете 20 минути (без музика), гледајте во земјата два метри пред вас и фокусирајте се на подигањето и спуштањето на вашите стапала.

 

Ветете си дека ќе излезете барем три пати дневно! Обидете се да излезете што е можно почесто, бидеќи и малку сончева светлина може да помогне да се чувствувате подобро.

Сподели го овој пост!

За авторот : Даниел Трбогазов

Даниел е Дипломиран Проф. по Физичко образование и е главен уредник и основач на порталот Мој Тренер. Работната кариера ја гради како Фитнес Тренер и Инструктор по пливање. Работи со млади и возрасни почетници , луѓе со посебни потреби и нуди простор за индивидуални тренинзи. Неговата основна цел е да ги поттикне младите и возрасните да водат здрав и физички активен живот, а воедно и да даде придонес во збогатувањето на спортската литература на овие простори.

Остави Коментар

Вашиот маил нема да биде објавен.