Ако болката во грбот ви се јавува многу често, тука се и некои едноставни решенија кои можат да помогнат.
1.Немојте да седите со прекрстени нозе.
Оптеретување на една половина од задникот резултатира со нерамномерен притисок врз'рбетниот столб.
2.Немојте да седите во полулегнат стол(фотеља)
Грбот страда кога 'рбетот е крив.
Додека седите, задникот секогаш треба да биде под прав агол во однос на горниот дел од телото.
Додека седите, задникот секогаш треба да биде под прав агол во однос на горниот дел од телото.
3.Бидете внимателни кога се наведнувате.
Ако треба да се направи некоја работа која бара виткање, подобро е да ја направите клекнати. На тој начин ќе се избегнат проблемите со болки во грбот.
4.Избегнувајте премногу високи потпетици
Чевлите со премногу високи потпетици, 'рбетниот столб го изложуваат на дополнителен и нерамномерен притисок. Најдобари потпетици се помеѓу два и четири сантиметри.
5.Спиењето на меки душек
Бидејќи не постои поддршка, ‘рбетот завзема неправилна позиција додека спиете.