Кај возрасните, нормалената срцева фрекфенција при одмарање се движи од 60 -100 отчукувања во минута. За добро тренираните спортисти, нормалената срцева фрекфенција при одмарање може да биде блиску до 40 отчукувања во минута. Пониската срцева фрекфенција при одмарање генерално значи поефикасна срцецева функција и подобар кардиоваскуларен фитнес.
Имајте на ум дека многу фактори можат да влијаат на срцева фрекфенција , вклучувајќи:
– Ниво на активности
– Физичката спремност
– Температурата на воздухот
– Положбата на телото (стоејќи или легнати, на пример)
– Емоциите
– Големината на телото
– Употрбата на лекови
– Па дури и начинот на исхрана
Иако има широк спектар на нормала, невообичаената висока или ниска срцева фрекфенција на срцето може да предизвика некој основни проблеми. Консултирајте го вашиот лекар ако вашата срцева фрекфенција при одмарање е постојано над 100 отчукувања во минута (тахикардија) или под 60 отчукувања во минута (брадикардија) – особено ако имате други знаци или симптоми, како што се несвестица, вртоглавица или останување без здив.