Без ниту малку сомнение, исхраната е фактор кој најмногу влијае врз здравјето, зошто чинот на внесување на храна константно се повторува во текот на целиот наш живот. Според некои истражувања, денес 90% од болестите, со исклучок на инфекциите и несреќите тесно се поврзани со исхраната.
Исхраната е сакан и свесен чин. Таа зависи од слободната волја на секој поединец. Затоа е неопходна длабока внатрешна увереност дека лошите навики во исхраната треба да се заменат со здрави. За разлика од внесувањето на храната, варењето е несвесен чин. Тоа ги опфаќа сите процеси што се одигруваат во храната во нашиот организам се до нејзината целосна асимилација. Во нормални услови, при услови на патолошки нарушувања, квалитетната исхрана овозможува и правилна работа на нашите органи за варење.