Во фитнесот и бодибилдингот, правилната форма на изведување на вежбите не зависи само од правиот агол, формата и бројот на повторувања. Многу е битно и правилното поставување на темпото во синхронизација со дишењето. За да ја зголемите ефикасноста на вашиот тренинг, потребно е да го контролираре темпото на движењето.
Темпото на движењето, при изведување на вежбта е променливо во зависност од тоа што сакате да постигнете со вежбањето:
– Доколку сакате да правите тренинг за мускулна маса, потребно е теговите да се спуштаап полек (екцентрично движење) а да се креваат брзо (концентрично движење);
– Доколку сакате да постигнете брзина и сила треба брзо да го кревате и брзо да го спуштате тегот;
– За да ја подобрите вашта мускулна издржливост треба споро да ги кревате и споро да го спуштате тегот.
Синхронизацијата на движењето со дишењето е исто така многу битна. Доколку не дишите правилно при изведување на важбата, заморот ќе настапи пред вие да го дадете вашиот максимум. Затоа е потребно при кревање на тегот (изведување на контракција) да издишувате а при спуштање на тегот треба да вдишувате.