Следејќи ги следниве совети ќе добиете значително поголемо излачување на тестостерон, хормон кој помага да изградите поголема мускулна маса, да топите масти, да ја подобрите издржливоста и да го зголемите сексуалниот нагон.
- Дигајте тежини
Нивоата на тестостеронот се највисоки до 48 часа по кревањето на тегови. Колку понапорно тренираш, толку повеќе ги зголемуваш природните нивоа на тестастерон. Во вашиот основен тренинг треба да ги вклучите чучњевите, мртвото дигање и бенч пресата, бидејќи овие вежби стимулираат најголемо лачење на овој хормон.
- Јадете добри масти
Под “добри” масти мислиме на монозаситените и од типот на омега 3 кои се наоѓаат во авокадото, зрнестите плодови (кикирики, лешници, …) и масните риби ( туна, лосос, …). Овие масти исто така го спречуваат трошењето на протеинот како енергија.
- Јадате цели јајца
Јајцата го подобруваат нивото на здравиот HDL, “здравиот” холестерол, бидејќи е важен елемен за градба на тестостеронот. Исто така се полни со протеини, но и цинк без кој е невозможно создавањето на овој хормон. Се разбира не треба да претеруваате, највеќе 3 жолчки дневно, а белките можете неограничено да ги конзумирате.
- Не претерувај со тренингот
Прекуменрното вежбање го зголемува кортизолот, стрес хормон кој се натпреварува со тестостеронот и го уништува мускулот. Истражувачите од Универзитетот во Северна Каролина докажаа дека претренираноста може да го намали тестастеронот за дури 40%, затоа е потребен одморот и краткиот но квалитетен тренинг.
- Спиј најмалку 7-10 саати
Неквалитетниот сон и спиењето помалку од 7 саати може да го намали Вашиот тестостерон за повеќе од 30%, но истотака да го потисне и хормонот за раст, со тоа ограничувајќи го растот на Вашиот мускул.
- Зелка!!!
Зелката е наклукана со индол-3-карбинол (IC3), хемикалија која го зголемува тестастеронот. При едно истражување на мажите што им бил даван IC3, нивоата на женскиот хормон естроген се намалил за 50% – пренасочувајќи го ефектот откако го гледале филмот “Sex and the City”.
- Алкохолот на минимум
Претераното пиење алкохол докажано го намалува нивото на машкиот хормон, притоа заменувајќи го со женски хормон и сето ова трае цели 24 часа. Исто така се лачи кортизол, компензирајќи со намалување на хормонот за раст.
- Јадете семиња
Семките како сончоглед и од тиква се полни со витамин Е и со цинк кои и тоа како го зголемуваат тестостеронот. Но да не се заборави и дека се богати со протеини и со монозаситени масти.
- Сончање
Изложувањето на кожата на сончева светлина на само 15-20 минути може да Ви ги зголеми нивоата на тестастерон за дури 120%, се вели во извештајот на едно спорведено истражување во Државната Болница со Бостон – САД. Интересен факт е тоа што ако гениталиите се изложени на сонце овој хормон се зголемува за дури неверојатни 200%, но секако, доколку се одлучите на овој чекор, бидете најдискретни.
- Имајте утрински секс
Германските научници докажаа дури и ако имаш само ерекција, помага циркулацијата на тестостерон да се зголеми значително, а утринскиот секс ќе Ви помогне и во топењето на малку масти.