Месни протеини, масни киселини, витамини и минерали, сите тие се наоѓаат во едно овошје: авокадото. Јадејќи го него е исто како да имате цел оброк од различни типови на храна, и ова е само една од безбројте здравствени придобивки на авокадото. Кај нас авокадото е многу малку застапено во секојдневната кујна, а повеќето најверојатно немате ни пробано. Тоа е така бидејќи сеуште не сте запознаени со здравствените придобивки и богатството на протеини (4,02 гр, во споредба со јаболкото кое има 0,47 гр), влакна (13,5 гр) и антиоксидансите што ги содржи.
Авокадото содржи многу калиум, а заедно со натриумот што го внесуваме преку солта ги штити артериите од оштетување. Солта што ја внесуваме во големи количини претставува ризик за срцето и кардиоваскуларниот систем, а внесувањето на авокадо кој ризик се елиминира во голема мера.
Фолната к-на во едно авокадо е претставува 23% од дневните потреби и игра главна улога во заштитата на срцето, а кај бремените жени е многу битна бидејќи спречува плодот да добие било какви аномалии.
Уште еден силен аргумент за да јадете авокадо се масните киселини. Тоа се истите тие како кај маслиновото масло и претставуваат најздравите масти познати на науката кои го спречуваат ракот на дојката и срцевите заболувања. Доколку холестеролот Ви претставува проблем, авокадото е одговорот.
Диететската исхрана со авокадо е исто така корисна за очите бидејќи плодот исто така содржи лутеин, еден од над 600те каротеноиди (природни пигменти). Оваа супстанца спречува катаракта и макуларна дегенерација.
Со авокадо до помала телесната тежина
Здравствени придобивки на авокадото се добро познати, но многу малку луѓе знаат дека авокадо може да ви помогне во Вашата диета. Иако авокадото е "дебело" овошје, тоа е корисно во губењето на тежината.
Благодарение на мононезаситени масти кои авокадо ги содржи, тоа ви помага да го заситите Вашиот стомак , и го намалува искушението на јадењето чоколадо и слатки работи. Покрај тоа авокадото спречува болести предизвикани од недостаток на витамини или минерали, кои се почесто се случуваат со неизбалансираните диети.
Сепак да не се претера, 125 грама на авокадо содржи 200 калории, повеќе од другите видови овошје и зеленчук, но помалку од пржени компири, колачите или другите слатки.
Погледнете ја табелава на богатството на витамини и минерали во големи количини во само 1 средно праче авокадо.
Калиум 975 mg | Витамин А 293 IU |
Фосфор 105 mg | Витамин Ц 20.1mg |
Магнезиум 58 mg | Витамин Б1 0.135 mg |
Калциум 24 mg | Витамин Б2 0.261 mg |
Натриум 14 mg | Ниацин (Б3) 3.493 mg |
Железо 1,11 mg | Фолна к-на(Б9) 63 mcg |
Селен 0,8 mcg | Пантотен. к-на(Б5) 2.729 mg |
Манган 0,285 mg | Витамин Б6 5.17 mg |
Бакар 0,382 mg | Витамин Е 4.16 mg |
Цинк 1,29 mg | Витамин К 42.2 mcg |
Бодибилдерите кои бараат идеални масти за пред и после напорниот тренинг, во комбинација со нивиот протеински шејк задолжително да конзумираат авокадо.