Чекор до побрз метаболизам

Внесувањето на следниве витамини и минерали придонесува до значително забрзување на метаболизмот, а со тоа намалување на вишокот килограми. Истотака се објаснети функциите што ги обавуваат и со која храна можат да се внесат во организмот.

 

 

 

КАЛЦИУМ – вмешан во активација на ензимите, вклучувајќи ја и липазата која ги разложува мастите.

Го има во: млечни производи, морска храна, сардини, соја и продукти од соја, темно-лиснат зеленчук, смокви и сливи.

 

ЕСЕНЦИЈАЛНИ МАСНИ К-НИ (Омега 3 и омега 6) – правилна функција на тироидната жлезда и за намалување на триглицеридите (мастите во крвта) и холестеролот.

Ги има во: риби од ладни води (туна), ленено семе, маслиново масло, ореви и други.

 

ХРОМ – метаболизам на гликоза (енергија).

Го има во: пивскиот квасец, кафеав ориз, сирење, месо и во цели пченични зрна.

 

ВИТАМИ Б1 (Тиамин) – метаболизам на јаглехидрати, снабдува со енергија, го подобрува имунолошкиот систем и здравјето на кожата.

Го има во: грав, грашок, брокула, пченични трици, жолчка од јајце, живина, риба, соја и интегрални житарици.

 

ВИТАМИН Б6 – го регулира метаболизмот и активира многубројни ензими.

Го има во: пивскиот квасец, јајца, риба, печен компир со кожа, спанаќ, морков, банана, грашок, авокадо, ореви и семки од сончоглед.

 

БИОТИН – преоизводство на енергија.

Го има во: пилешко, јагнешко, телешко, џигер, варени јајца, млеко, соја, квасец, интегрално брашно, путер од кикирики и оризови трици.

 

ЈОД – метаболизам на вишокот масти и правилна функција на тироидната жлезда.

Го има во: морска храна, јодирана сол и алги.

 

ПРОТЕИНИ – метаболизам на масти и јаглехидрати.

Ги има во: белки од јајца, месо, млеко, соја, морска храна, ореви и други.

 

ВИТАМИН Б5 (пантотенска к-на) – важна компонента во метаболизмиот и нервниот транспорт, исто така учествува во формирање хормони кои го намалуваат стресот.

Го има во: Јајца, компири, морска риба, телешко, млеко, цели житни зрна, грашок, грав и свеж зеленчук.

 

ЦИНК – потребен е за правилно ослободување на инсулин.

Го има во: пивски квасец, жолчка, риба, алги,  леугоминози, месо, џигер, остриги, семки од туква, цели зрна и друго.

 

Сподели го овој пост!

За авторот : Даниел Трбогазов

Даниел е Дипломиран Проф. по Физичко образование и е главен уредник и основач на порталот Мој Тренер. Работната кариера ја гради како Фитнес Тренер и Инструктор по пливање. Работи со млади и возрасни почетници , луѓе со посебни потреби и нуди простор за индивидуални тренинзи. Неговата основна цел е да ги поттикне младите и возрасните да водат здрав и физички активен живот, а воедно и да даде придонес во збогатувањето на спортската литература на овие простори.

Остави Коментар

Вашиот маил нема да биде објавен.