Додатоците во храната познати како Е броеви се наоѓаат скоро во секоја обработена и спакувана храна, па ќе се обидеме да Ви објасниме нешто околу тоа што да прифатите, а што да одбегнувате. Ги има во гумените бомбони, гумите за џвакање, освежителните напитоци, сушеното овошје, храната во конзерви односно во поголемиот дел од храната што можете да ја купите во продавниците и маркетите.
Што се Е – броевите?
Е броевите се систематски начин на идентификување на различните адитиви во храната.Тие се одобрени од EFSA – Европска комисија за безбедност на храната, со цел храната доголго да трае, да добие стабилност на вкусот и одредена, како и многу други намени.
Што означуваат Е – броевите?
100 – 199 ⇒ бои
200 – 299 ⇒ козерванси
300 – 399 ⇒ антиоксиданси и регулатори на киселост
400 – 499 ⇒ згуснувачи, стабилизатори и емулгатори
500 – 599 ⇒ pH регулатори и агенси против залепување
600 – 649 ⇒ засилувачи на вкус
700 – 713 ⇒ антибиотици
900 – 999 ⇒ разновидни
1100 – 1599 ⇒ додатни хемикалии
ТОП 10 Е – броеви кои морате да ги одбегнувате!
Не сите Е броеви се опасни или штетни, многу од нив се од сосема природни извори ( Е300 – витамин Ц, Е375 – витамин Б3 итн), но некои се многу опасни и предизвикуваат разни несакани ефекти. Издвоивме 10 најопасни од нив, иако ги има многу повеќе!
Е102 тартразин – предизвикува хиперактивност кај децата.
Е122 кармоизин – веќе забранет во некои земји бидејќи предизвикува алергиски реакции кај деца и возразни, како и хиперактивност.
Е129 алура црвена – алергии на кожата, особено да ја избегнуваат луѓето осетливи на аспирин.
Е104 квинолин – здравствени проблеми и хиперактивност кај децата.
Е621 моно-натриум глутамат – главоболки, гадење, вртоглавица, болки во мускулите, па дури и болки на неодредени места.
Е951 аспартам (вештачки засладувач) – главоблоки и негативно делува кај луѓе кои се алергиски настроени.
Е211 натриум бензоат – алергии кај болните од астма.
Е151 светкаво цра боја – алергиски реакции, забранета е во Шведска Австралија итн.
Е133 светкаво сина – алергиски реакции, забранета во некои земји.
Е213 калциум бензоат – негативно влијае кај луѓе кои имаат алергии.
Храната со адитиви може да биде многу штетна по Вашето здравје, па затоа е пожелно да ја одбегнувате или пак да погледнете во составот на етикетата за да не препознаете некое штетно соединение. Затоа свежата храна е секогаш тука за да се конзумира без страв.