Вежбајќи инвестирате во себе си!

– Тренингот е 25% потење и 75% определување или кажано на друг начин: тоа е еден дел физички напор и три дела само-дисциплина.

– Еднаш кога ќе почнете после е лесно.

– Тренингот Ве прави подобри денеска отколку што сте биле вчера.

– Го зајакнува телото, и ги релаксира умот и  духот.

– Кога ќе тренирате редовно, вашите проблеми се намалуваат  и довербата расте.

– Тренингот е личен триумф над мрзеливоста.

 

– Тој е симбол на победник,  знак на организирана личност, на лице со цел, кое е одговорно за неговата и судбина.

 – Тренингот е мудро користење на времето, како и инвестиција во себе си.

– Предизвик да си докажеш на себе дека имаш се што е потребно за да го направиш она што е неопходно.

– Тренингот е клуч кој Ви помага за отклучување на вратата за можност и успех.

– Кога ќе завршите добар тренинг, дали едноставно не се чувствувате подобро?

–  Одделете време и за себе, тренирајте, телото ќе Ви биде благодарно!

Сподели го овој пост!

За авторот : Даниел Трбогазов

Даниел е Дипломиран Проф. по Физичко образование и е главен уредник и основач на порталот Мој Тренер. Работната кариера ја гради како Фитнес Тренер и Инструктор по пливање. Работи со млади и возрасни почетници , луѓе со посебни потреби и нуди простор за индивидуални тренинзи. Неговата основна цел е да ги поттикне младите и возрасните да водат здрав и физички активен живот, а воедно и да даде придонес во збогатувањето на спортската литература на овие простори.

Остави Коментар

Вашиот маил нема да биде објавен.