Нема подобро чувство од тоа да се соберете друштво и да отидете на некоја планина, да освоите некој врв, па да организирате ручек.
Одберете патека и впуштете се во лично откривање на природното и културното наследство на Македонија. Дишете го свежиот воздух и пијте од студените планински извори.
Облечете ги најудобните патики или чевли кои ги поседувате и качете се до онаму до каде што се чувствувате добро. Секој нареден пат ќе стигнувате повисоко и ќе се чувствувате подобро.
Качувајте се полека, разгледувајте ја природата и уживајте во неа. Кога веќе сте се качиле на врвот и ќе погледнете наоколу уживајте во прекрасната глетка, знаејќи дека сте срушиле уште една лична препрека.
Во повеќе градови во Македонија активни се неколку планинарски друштва, распрашајте се и придружете се, тие секоја недела организирано ја поминуваат во природа.
Нивна цел е да ги собираат работните луѓе и граѓани, а особено младината за активно движење во планина заради рекреација и физичко воспитување, да пронаоѓаат нови природни убавини, богатства и културно-историски споменици. Ваше е да имате само добра волја.
Посетете ги местата каде до сега не сте биле, има што да се види !