Без сон, нема тестостерон!

БЕЗ СОН – НЕМА ТЕСТОСТЕРОН, можеби звучи како песна со ритам и рима, ама тоа значи дека нема да има ниту мускули! Сигурен сум дека сте го слушнале ова повеќе од 1000 пати " МОРА ДА СЕ НАСПИЕТЕ ЗА ДА МОЖЕ ВАШЕТО ТЕЛО ДА СЕ ОПОРАВИ И ДА ПОЧНЕ ДА ГРАДИ МУСКЛУЛНА МАСА".

Направено е испитување кое донесува навистина сигурни и конкретни резултати. Насловот на испитувањето е  "Недостатокот на сон влијае на тестастеронот многу повеќе одколку што се сметало".

 

Во испитувањето биле вклучени 12 здрави мажи. Најпрво им биле измерени нивоата на тестостерон по добро преспиена ноќ. Студијата покажала дека спиењето преку ноќ или преку ден води до повисоко ниво на тестостерон.

Кога младите мажи биле оставени без сон наредната ноќ, по повторното мерење се покажало дека нивоата на тестостерон рапидно опаднале. Недостатокот на РЕМ спиењето има силен ефект врз лачењето на овој анаболен хормон.

 

Искористете го секое слободно време од денот да се наспиете убаво ако сакате да ги задржите Вашите мускули и да им помогнете да станат уште поголеми.

 

Сподели го овој пост!

За авторот : Даниел Трбогазов

Даниел е Дипломиран Проф. по Физичко образование и е главен уредник и основач на порталот Мој Тренер. Работната кариера ја гради како Фитнес Тренер и Инструктор по пливање. Работи со млади и возрасни почетници , луѓе со посебни потреби и нуди простор за индивидуални тренинзи. Неговата основна цел е да ги поттикне младите и возрасните да водат здрав и физички активен живот, а воедно и да даде придонес во збогатувањето на спортската литература на овие простори.

Остави Коментар

Вашиот маил нема да биде објавен.