Медот е храна кој многу лесно е прифатена од дигестивниот трак и неговата искористеност е неверојатни 98-99%. Белиот шеќер (сахарозата) за разлика од медот е рафинирана храна, која се состои од таканаречени "празни" јаглехидрати и во организмот неможе целосно да се разложи на попрости шеќери и останува неискористен, па поради тоа се претвара и се складира како масти. Организмот го смета шеќерот за токсин, односно непожелна храна.
Вишокот шеќер доведува до најразлични болести како кардиоваскуларни, кариес, диабетис, пораст на триглицеридите и холестеролот во крвта, како и зголемен притисок.
Медот спореден со иста количина шеќер е ПОБЛАГ! Тој се состои од глукоза и фруктоза наречени инвертен шеќер 75%, сахароза 5%, 1% протеини, 10-20% вода, ензими и други супстанции:
– Од минералите највеќе содржи: калциум, фосфор, магнезиум, калиум, железо;
– Од микроелементите: бакар, силициум, сулфур, алуминиум и други;
– Од витамините: A, B1, B2, B6, PP, биотин, фолна и пантотенска к-на и други;
– Ферменти: инвертаза, дијастаза, каталаза и други;
– Органски киселини: особено глуконска, тиаминска, малеинска, килибарна, винска, лимонска, оцетна и др;
– Антибактериски, ароматични и обоени материи што пчелите ги собираат од цветовите заедно со нектарот.
Не случајно медот завзема место во многу диети, како за слабеење, така и за болни лица. Се користи за исцрпени организми, за лица кои конзумираат лекови, заболувања на црниот дроб, жолчката, бубрезите и друго. Медот е идеален за утринска детоксикација.
ПРИРОДНИОТ МЕД КРИСТАЛИЗИРА и ова претставува природен процес, при што неговиот состав останува непроменет. Внимавајте кога купувате мед бидејќи некои пчелни семејства наместо со цветен полен ги хранат со шеќер и тој мед далеку заостанува во квалитетот.
Ако на етикетата пишува дека медот е центрифугиран, не го купувајте бидејќи со овој процес е наменет да спречува природната кристализација, а притоа се губат СИТЕ хранливи вредности.