Придобивки од козјото млеко

Козјото млеко е многу хранливо и нуди многу здравствени придобивки; овие хранливи состојки се присутни во суровото и во пастеризираното млеко.

Суровото козјо млеко може да содржат опасни патогени својства  кои знаат да резултираат  со сериозни здравствени ризици. Голем дел од нив  се и бактерии, како што Е.Коли, листериа и салмонела. Пастеризација не ја намалува хранливата вредност на млекото и тоа не е точно дека пастеризација предизвикува лактозна интолеранција или алергија.

 

ХРАНЛИВИ СОСТОЈКИ ВО КОЗЈОТО МЛЕКО

 

Протеини

Козјото млеко е добар извор на протеини. Една чаша има речиси 9 гр. на протеини, малку повеќе од чаша кравјо млеко која содржи 8гр.. Ако сте алергични на кравјо млеко, има веројатност исто така да бидете алергични и на козјо млеко, бидејќи содржината на протеинот е многу слична, според една статија во 19 октомври 2009 издание во "Лос Анџелес тајмс" на Елена Конис.

Масти

Една чаша козјо млеко има 10 гр. масти, од кои 6.5 гр. се заситени масти. Една чаша кравио млеко "има 8 гр. масти, од кои 4.5 гр. се заситени масти. Количината на масти во козјото млеко варира во зависност од расата на козата, храната, генетиката и фазата на лактација.

Лактоза

Главните јаглехидрати во козјото млеко се лактоза, тоа се шеќери кој предизвикуват гасови, надуеност и пролив каи луѓето кои страдаат од лактозна интолеранција. Козјото млеко има помалку лактоза – 10 гр. по чаша во споредба со кравјото млеко кое содржи 12 гр.

Витамини и минерали

Козјото млеко е одличен извор на калциум, обезбедува 327mg по  чаша. Кравјото млеко обезбедува 276mg по чаша. Ако пиете козјо млеко, бидете сигурни дека ќе го избегнете недостатокот на витаминот Д. Козјото млеко содржи помалку витамини Б-6 и Б-12 во споредба со кравјо млеко, но е побогато со витамин А.

 

Ако одберете да конзумирате козјо млеко, пастеризираните сорти се значително побезбедни отколку оние суровите.

Сподели го овој пост!

За авторот : Даниел Трбогазов

Даниел е Дипломиран Проф. по Физичко образование и е главен уредник и основач на порталот Мој Тренер. Работната кариера ја гради како Фитнес Тренер и Инструктор по пливање. Работи со млади и возрасни почетници , луѓе со посебни потреби и нуди простор за индивидуални тренинзи. Неговата основна цел е да ги поттикне младите и возрасните да водат здрав и физички активен живот, а воедно и да даде придонес во збогатувањето на спортската литература на овие простори.

Остави Коментар

Вашиот маил нема да биде објавен.