Обликувањето и тонирањето на телото бара посветеност и редовен тренинг, но тоа не значи дека позитивните ефекти од вежбањето не се активираат веднаш. Една нова студија објавена во едно од изданието на “Cell Metabolism”, покажа дека само еден час вежбање во текот на денот го забрзува метаболизмот и ја зајакнува ДНК.
Лабораториската студија врз мускулните клетки на мажи кој го живеат животот на седентарен начин, беше изведена пред и после тренинг (возење еден час на стационарен велосипед). Земените клетки по изведениот тренинг поминаа низ хемиска промена која се нарекува деметилација, за која истражувачите веруваат дека им помага на клетките да произведат повеќе согорувачи на масти (аминокиселини).
Ова истражување е уште една причина која ќе ве натера да тренирате , за да го подобрите вашето здравје.