Со лешници до подобро здравје

Малите вкусни лешници повеќе се употребуваат во кулинарството како закуски, отколку што се користат како ужина или дневен оброк. Тие додаваат неодолив и богат вкус на печените десерти  во комбинација со чоколадите. Лешниците содржат витамини, минерали, протеини, растителни влакна и здрави масти. Лешниците обезбедуваат многу здравствени придобивки и се доволно добри за заслужно да бидат вклучени во вашата секојдневна исхрана.

Фитохемикалии во телото

Лешниците содржат фитохемикалии, вклучувајќи проантхоцианидини, кверцетин и кеампхерол. Овие проантхоцианидини припаѓаат на групата наречена флавоноиди. Флавоноидите го подржуваат здравјето на мозокот, ја подобруваат циркулацијата и ги намалуваат симптомите поврзани со алергии. Конзумирањето на  неколку лешници за ужина  го обезбедува  вашиот организам со сите овие здрави бенефиции.

 

Здрави масти

Лешниците содржат здрави масти кои можат да го заштитат здравјето на срцето. Конкретно, тие се богати со здрава полинезаситени и мононезаситени масти, а многу малку содржи нездрави незаситени масти. Лешници се добар извор на олеинска киселина. Олеинската киселина го намалува нивото на лош холестерол, ЛДЛ, а го подигна нивото на добриот холестерол, ХДЛ, во организмот.

 

Богат извор на витамини и минерали

Лешниците имаат висок износ на витамин Е, витамин Б, и фолна киселина. Витаминот Е е важен за одржување на здрава кожа, косата и ноктите. Б витамините се важни за функцијата на метаболизмот и енергетскиот метаболизам. Лешниците се исто така богат извор на калиум, калциум и магнезиум. Минералите од лешниците ни обезбедуваат многу здравствени придобивки, вклучувајќи го регулирањето на  крвниот притисок. За разлика од нездравите грицки како што се чипсот и рафинираните производи, лешници можат да го обезбедат организмот со здрави хранливи материи за подобро здравје.

Сподели го овој пост!

За авторот : Даниел Трбогазов

Даниел е Дипломиран Проф. по Физичко образование и е главен уредник и основач на порталот Мој Тренер. Работната кариера ја гради како Фитнес Тренер и Инструктор по пливање. Работи со млади и возрасни почетници , луѓе со посебни потреби и нуди простор за индивидуални тренинзи. Неговата основна цел е да ги поттикне младите и возрасните да водат здрав и физички активен живот, а воедно и да даде придонес во збогатувањето на спортската литература на овие простори.

Остави Коментар

Вашиот маил нема да биде објавен.