Инсулинот е протеин составен од 51 аминокиселини и се произведува во бета клетките од страна на панкреасот. Овој хормон го стимулира црниот дроб при формација на гликогенот од гликозата (декстрозата) и разложување на другите јаглехидрати во гликоза. Инсулинот исто така потикнува распространување на глукозата низ клетките од страна на инсулинските рецептори, а тоа значи и поголемо мускулно ткиво.
Ова значи дека високата концентрација на инсулинот ја стимулира протеинска синтеза во мускулите. Овој факт е доста интересен за бодибилдерите и атлетичарите. Внесениот протеин полесно се разложува и се пренесуваат аминокиселините до мускулните клетки. Ова значи дека тој е многу анаболен хормон за мускулното ткиво. Тој исто така делува анаболно кај коските, бидејќи им ја збголемува густината, а со тоа и цврстината.
Друг фактор што покажува дека е анаболен е тоа што го зголемува излачувањето на IGF, екстремно анаболен хормон.
РЕГУЛИРАЊЕ НА ГЛИКОЗАТА
Кога телото има повеќе гликоза во крвта отколку што е потребна, инсулинот ги стимулира клетките во црниот дроб, мускулите и мастите. Црниот дроб и мускулите ја претвораат гликозата во гликоген и како таква ја складираат за понатамошно користење.
Инсулинот исто така ги отстранува другите биопродукти од храната при што ги стимулира масните клетки да формираат масти од масните киселини, а црниот дроб го стимулираат да ги претвора аминокиселините во протеини.
Кога нивото на гликиоза е висок по конзумирање на зашеќерен оброк, тогаш и инсулинот има високо ниво, кога гликозта е ниска, тогаш и инсулинот има ниско ниво.
ФАКТ Е дека додавањето на течна гликоза во течен аминокиселински (протеински) оброк, нивото на инсулин веднаш ќе се зголеми, а ова ќе ја зголеми и апсорпцијата на аминокиселините за неверојатни 50%.
КОГА ИНСУЛИНОТ Е АНАБОЛЕН?
Во едно испитување нивото на инсулин го зголемиле на 15 мерни единици, на испитаници кои страдале од екстремен катаболизам. Со ова ниво на инсулин нивото на протеинското неискористување се намалило за 32%.
Во едно друго пак испитување пак зголеменот ниво на инсулин довел до загуба на мускулните протеини. Ова може да се случи доколку нема доволно аминокиселини (протеини) во крвта, па така инсулинот нема да даде анаболен ефект.Ако нема доволно аминокиселини од последните неколку оброци, инсулинот нема да биде воопшто анаболен.
Ако исхраната ветува протеински извори, тогаш ќе се зголеми синтезата на протеини и ќе бидат забележани поголеми мускули.
ИНСУЛИНОТ И МОЗОКОТ
Инсулинот во мозокот предизвикува подобрување на меморијата и способноста за учење. Има и истражувања кои тврдат дека инсулинот може да помогне при борењето со Алцхајмеровата болест, со уништување на протеините кои ги напаѓаат мозочните клетки, при што ќе го намалат или спречат губењето на меморија.