Качувањето килограми е осетлива тема на слабите луѓе. Тие се некако се обидуваат да стават некое килце на себе, но никако не им оди од рака. Проблемот може да биде во генетиката или пак се прават некои погрешни избори. Како и да е, се може да биде под Ваша контрола, но често луѓето незнаат кои чекори да ги превземат. Еве неколку совети за тие што сакаат да ја зголемат својата тежина.
20% ПОВЕЌЕ КАЛОРИИ
Калориите се клучни за задржување на основната тежина, намалувањето или зголемувањето на истата. Ако Ви се потребни 2000 калории за да ја задржите моменталната тежина, за да ја зголемите треба да внесувате најмалку 2400 калории. Со ова би требало да накачувате во половина килограм неделно.
ВНИМАВАЈТЕ НА СООДНОСОТ НА ХРАНЛИВИТЕ СОСТОЈКИ
За здраво покачување на тежината (повеќе мускули, помалку маснотии) треба да внесувате добар сооднос на јаглехидрати 55%, протеини 25% и масти 20%.
ЈАДЕТЕ ХРАНА БОГАТА СО КАЛОРИИ
Оваа храна има многу калории во мало количество храна, исто така има и многу хранливи состојки. Во оваа храна спаѓаат лешници, сушени овошја и авокадо. Слатките работи и брзата храна се богати со калории, но сиромашни со хранливи состојки, па затоа би требао да ја избегнувате.
ЈАДЕТЕ НА СЕКОИ 3 ЧАСА
Честото јадење е одлично за тие кои целта им е поголема килажа, особено ако сте личност која брзо се заситува. Јадењето закуски измеѓу оброците може да значително да ги зголеми калориите во Вашата диета. Јадете само здрави закуски. 6 оброци, богати со протеини како јајца, овес, туна и пилешко се идеални за Вашата диета.
ПИЈТЕ ГИ КАЛОРИИТЕ
Пијалоците се богати со калории и малку заситуваат. Одлични за оваа намена се млеко, масла, цедени сокови, протеински шејкови.
ДОДАТОЦИ НА ХРАНАТА
Додадете украси на Вашиот оброк, а со тоа добивате екстра калории. За оваа намена додадете маслиново масло врз уната, сирење врз тестенините, салати во оброците и друго. Нека сите оброци имаат свој додаток.
НАМЕЛЕТЕ СО КАРДИО ВЕЖБИТЕ
Ако се борите со качувањето килограми, особено ако имате брз метаболизам, мора да ги намалите вежбите за кардио на минимум. 1-2 пати неделно е доволно за одржување на здравјето и после секој кардиот тренинг нека Ве чека богат оброк.
КРЕВАЈТЕ ТЕЖИНИ
Наместо кардио, трошете повеќе време на кревање тежини за да ја подобрите формата и да "билдате" мускули. Мускулите не само што се здрави за човекот, туку ќе Ви помогнат да ја зголемите тежината и дефиницијата како кај мажите, така и кај жените. Вие не треба да целите да додадете само масти, туку треба да додадете мускули и малку повеќе од моменталните телесни масти.