Месото содржи голем број на есенцијални хранливи материи кои Ви се потребни за вашето тело да изведува важни функции.
1. ПРОТЕИНИ
Месото е одличен извор на протеини, а тие му се потребни на телото во големи количини. Протеинот игра важна улога во многу телесни функции, вклучувајќи го растот и развитокот, заздравување на ткивата и создавање антитела кои се борат со инфекциите.
Месото содржи околу 20% протеин и се смета за квалитетен извор на протеини бидејќи ги содржи сите аминокиселини. Јадењето месо го зајакнува имунитетот и го забрзува опоравокот.
2. МИНЕРАЛИ
Месото содржи солиден број на минерали, особено е богато со железо, цинк и селен. Телото има потреба од железото бидејќи формира хемоглобин кој е неопходен за транспорт на кислородот од белите дробови до целето тело. Цинкот го забрзува метаболизмот и помага за формирање ткиво, додека селенот е силен антиоксиданс и се бори со проблемите од мастите и другите хемикалии.
3. ВИТАМИНИ
Најчести витамини во месото се витамин А, Б комплекс (Б1, Б2, Б3, Б5, Б6 и Б12) и Д.
Витаминот А го одржува видот добар, помага во развитокот на коските и забите и ја одржува кожата здрава. Витамините од Б групата го одржуваат централниот нервен систем и го подобруваат менталното здравје. Витаминот Д го зголемува нивото на калциум и калиум кои се клучни за здрави заби и коски.
4. МАСТИ
Содржајните масни киселини во месото, линоловата и палмиотеличната можат да спречат опасни вируси и евентуално развивање на рак. Може да ја зголеми издржливоста на телото кога условите се сурови, а исто така се потребни и за мозочно развивање.