Често размислуваме на тоа дека треба да вежбаме секојдневно, но никако да почнеме. Сте купиле орема, некои дури резервирале и термин , но тој ден никако да дојде.
Лесно е да се одлучи да се сврти нов лист, но тешко да се спроведе. Дури и психологијата, на оваа тема вели дека волјата не е доволна.
Најдобро е да се воспостават некои основни правила (дисциплина) по кои ќе се придржувате. Кога ќе започнете, многу е важно да се издржи првиот месец за да се стекне рутина а после е лесно.
Прво е неопходно да се одреди времето за тренинг што најмногу ви одговара и никогаш не планирајте ништо во тоа време. Сфатете го тоа како неопходна обврска која не можете да ја одложувате и преместувате поради други причини. Ако имате деца, најдобро е да се почне со вежбање веднаш штом ќе ги испратите на училиште или градинка. Експертите велат дека најдобра практика е да се вежба во утринските часови поради тоа што вежбањето го забрзува метаболизмот преку целиот ден и ви дава енергија за денот што е пред вас.
Следната важна работа е да се избере активност во која се пронаоѓате и која најдобро се вклопува во нашите секојдневни обврски.
Пофалете си се и наградете се од време на време. Не е лесно да се биде упорен во нешто и не двоумете се да се наградите за сите вложени напори. Прекрасно е чувството кога ќе исполните се што сте испланирале.
Секогаш имајте на ум дека вежбањето ви помага да остане поздрави и витални, а исто така и весели.