Здравата коса е симбол на личното здравје. Во прилог следуваат природни храни кои придонесуваат за здрава коса.
Бадеми – за цврста коса
Една студија покажа дека тие што ја губат косата имаат недостаток на витамин Б6, витамин Е, железо и цинк. Исхраната богата со масти предизвукива зголемување на машките хормони и со тоа доведува до губиток на косата. Бадемите се богати со витамин Е и цинк, го намалуваат холестеролот и се супер лек против опаѓање на косата.
Школки – за регенерација на клетките
Школките се богати со цинк, кој пак помага во регенерацијата на клетките и одржувањето на хормонскиот баланс кој е суштински за раст на косата.
Стек – зголемувач на цврстите масти
Стекот е богат со протеини, цинк и железо, каде што цинкот може да бидецврста врска на жлездите во фоликулите. Протеините во стекот се важна храна за косата.
Грав – високо протеинска храна
Гравот, особено црниот грав е храна кој е богат извор на протеини и железо кои ја снабдуваат косата со хранливи состојки.
Јајца – храна со многу хранливи состојки
Јајцата и млечните производи како јогуртот се одличен извор на протеини. Јајцата содржат селен и магнезиум, кои и даваат сјај на косата.
Цитрон – синтеза на коалоген
Цитронот е богат со витамин Ц кој му помага на телото подобро да го апсорбира железото и ја зголемува синтезата на коалоген, кој игра важна улога во потокнување на растот на косата.
Суво грозје – за подобра циркулација во скалпот
Богатото со железо суво грозје е погодно за производство на хемоглобин, кој помага за транспорт на хранливите состојки до косата, притоа зголемувајќи ја силата и растот на косата.