Овој моќен хормон е познат како регулатор на имуниот систем. Кортизолот е катаболички хормон, што значи дека го разградува и троши мускулот и ги намалува анаболните хормони како инсулинот и хормонот за раст. Намаленото ниво на кортизол е идеално за спортитстите кои сакаат да постигнат мускулен раст и адаптација на вежбите и тренингот. Иако овој хормон е многу важен за човекот, тој може да има многу несакани последици како несоница, омалаксаност, намален секс нагон, за здравјето на коските и лигаментите, срцето и перформансите. Исто така може да предизвика воспаление на мускулите.
Позитивните фукции на кортизол се да го зголеми разложуважето на протеините од исхраната, да ја инхибитира гликозата и ги зголемува ензимите (липолиза) за да се разложат мастите.
ШТО ЗНАЧИ ДА ИМАШ ЗГОЛЕМЕНО НИВО НА КОРТИЗОЛ?
Кортизолот во нормални количини е потребен за правилна метаболитичка функција, високите нивоа на овој хормон имаат негативни последици по здравјето, расположението, составот на телото и перформансите.
Еве го циклусот:
Покаченото ниво на кортизол предизвикано од физички или психички стрес предизвикува мобилизирање на мастите, јаглехидратите и протеините со цел да се превземе акција против "стресорот". Мобилизирањето на овие хранливи состојки овозможува брза акција кон стресот.
Кога кортизолот и адреналинот се зголемуваат со цел да се справат со стресот, се намалува тестостеронот. Размислете нареден пат пред да се нервирате, дали сакате да Ви се намали тестостеронот или разумно и смирено да го решите проблемот?!
Хронично зголемениот кортизол предизвикува потисната функција на имунолошкиот систем, ризик од болест или повреда, а при сето тоа намалување на мускулната маса.
ШТО ПРЕДИЗВИКУВА ИЗЛАЧУВАЊЕ НА КОРТИЗОЛ?
Стресот (траума, инфекции, болест и вежбање) е примарниот фактор што значително го зголемува кортизолот.
Сигурно се запрашувате: – Вежбањето е "стресор"? Напорното вежбање и долгото вежбање, двете предизвикуваат зголемување на нивото на кортизол и остануваат покачени 2 часа по вежбањето. Сериите без соодветен одмор хронично го зголемуваат кортизолот.
Исто така, неправилната исхрана, неадекватната суплементација и недоволниот одмор играат улога во лачењето на кортизолот.
КОЈА Е УЛОГАТА НА КОРТИЗОЛОТ ВРЗ ПЕРФОРМАНСИТЕ?
– потиснат имунолошки систем и сколност кон инфекции и повреди
– намалено закрепнување по тренингот
– распаѓање на мускулите и складирање масти
– намален тестостерон, инсулин и хормон за раст