Кафеав или бел шеќер? Тоа е вистинското прашање!

Постојано го слушам прашањето "Кафеав или бел шеќер?", па ајде да ја разрешиме дилемата околу ова. Многумина веруваат дека кафеавиот шеќер е многу поздрава варијанта од белиот шеќер, или барем така е рекламиран овој производ. ШЕЌЕРОТ Е САМО ШЕЌЕР, БЕЗ РАЗЛИКА НА БОЈАТА.

 

На производите, терминот "шеќер" се однесува на сахарозата која е добиена од шеќерната репа или трска.

Производителите го екстрактираат сокот од репката со помош на топла вода, па потоа го центрифугираат и се формира меласа во форма на шеќерни кристали. Како резултат на процесот се добива бел гранулиран шеќер.

Кафеавиот шеќер е производ на нерафиниран или делумно рафиниран шеќер со остатоци од мелсна содржина, или едноставно се добива со додавање на меласа во белиот рафиниран шеќер, односно обично боење на шеќерот.

 

Ако сакате да направите паметен избор, имајте на ум дека внесувањето на шеќер не е ништо друго освен внесување празни калории без никакви здрави хранливи состојки. Иако 1 грам кафеав шеќер има незначително помалку калории од белиот шеќер, сепак лажичка кафеав шеќер содржи повеќе калории од белиот заради поголемата густина.

 

 

Најпаметен избор е да изберете мед наместо шеќер.

 

Сподели го овој пост!

За авторот : Даниел Трбогазов

Даниел е Дипломиран Проф. по Физичко образование и е главен уредник и основач на порталот Мој Тренер. Работната кариера ја гради како Фитнес Тренер и Инструктор по пливање. Работи со млади и возрасни почетници , луѓе со посебни потреби и нуди простор за индивидуални тренинзи. Неговата основна цел е да ги поттикне младите и возрасните да водат здрав и физички активен живот, а воедно и да даде придонес во збогатувањето на спортската литература на овие простори.

Остави Коментар

Вашиот маил нема да биде објавен.