Појадокот нека Ви биде навика!

Додека на возрасните појадокот им е потребен да го дадат своето најдобро во секојдневните активности, на децата и на спортистите тоа им е потребно уште повеќе. Додека телата растат, потребно е внесување на храна и сето тоа мора да се започне уште во утрото.

Да претпоставиме дека спиете по 8 часа, а пак доколку сте јаделе и неколку часа пред да заспиете Вашето тело е во фаза на гладување. Тоа значи дека Вашето тело е во катаболитичка фаза, односно телото ти разградува толку болно стекнатите мускули со цел да ги обезбеди потребните аминокиселини за да преживеете.

Веднаш по станувањето треба да јадете, и тоа да биде оброк со комплетен есенцијален аминокиселински состав, односно исхраната задолжително да вклучува (јајца, млеко, месо или соја) со цел да се избегне катаболитичната состојба и да се прејде во анаболичка, односно да почнат да се градат мускули.

 

ШТО АКО НАУТРО НЕМАТЕ ВРЕМЕ ЗА ДОРУЧЕК?

  • •  Станете 10 минути порано
  • •  Наместо да седнете на компјутер или пред телевизор, каснете нешто
  • •  Наполнете ја кујната со здрави и брзи оброци како житарици, пастеризирано млеко, овошје, путер од   кикирики итн.
  • •  Пригответе си јадење уште вечерта и ако немате време спакувајте го и изедете го на работа или каде и да сте

 

ПРИДОБИВКИ ОД ПОЈАДУВАЊЕТО

  • •  одржување на здравата телесна тежина
  • •  понизок холестерол
  • •  подобар фокус и продуктивност
  • •  подобра меморија и логика
  • •  внесување незаменливи хранливи состојки
  • •  забрзан метаболизам
 
Сподели го овој пост!

За авторот : Даниел Трбогазов

Даниел е Дипломиран Проф. по Физичко образование и е главен уредник и основач на порталот Мој Тренер. Работната кариера ја гради како Фитнес Тренер и Инструктор по пливање. Работи со млади и возрасни почетници , луѓе со посебни потреби и нуди простор за индивидуални тренинзи. Неговата основна цел е да ги поттикне младите и возрасните да водат здрав и физички активен живот, а воедно и да даде придонес во збогатувањето на спортската литература на овие простори.

Остави Коментар

Вашиот маил нема да биде објавен.