Спанаќот го завзема врвното место во групата на зеленчуци според составот на витамини и минерали. Тој е ретко богат извор на висок процент на витаминот А , витамин Ц, големи количини на калиум, калциум, магнезиум и железо. Магнезиумот многу тешко може да се најде во воклав процент во друг зеленчук.
Значајни за човечкиот живот се и микроелементите кои што ги содржи: бакар, цинк, кобалт, флуор и јод. Протеините во спанаќот ги содржат сите 8 есенцијални (незаменливи) аминокиселини, со кои покрај микроелементите бакар, , желез, кобалт и витаминот Б6 учествуваат во формирање на крвта.
Спанаќот содржи една материја, Холеин која има поволен ефект на регулирањето на покачениот артериски крвен притисок.
Спанаќот содржи и материи кои се непожелни за исхраната на човекот, каква што е оксалната киселини, која може да има штетно влијание врз бубрезите и црниот дроб. Затоа спанаќот не им се препорачува на луѓе со заболувања на бубрезите, жолчката и мочните патишта.
За да се намали штетноста на оваа киселини, спанаќот треба да се конзумира без дршките бидејќи таму е најмногу концентрирана. Исто така треба да се внесува со храна која содржи многу калциум како млечните производи како јогурт, млеко, урда и сирење.
Од корисните состојки кои ги содржи спанаќот ќе ги споменеме и органските азотни материи – нитрати.
ВИТАМИНИ мг. | МИНЕРАЛИ мг | ХРАНЛИВИ ВРЕДНОСТИ на 100 гр. |
---|---|---|
А (каротин) 4,15 | Калиум 541 | Калории 20 |
Б1 0,11 | Натриум 74 | Јаглехидратихидрати 1,8 |
Б2 0,20 | Магнезиум 75 | Протеини 2,3 |
ПП 0,60 | Калциум 81 | Масти 0,3 |
Ц 60 | Железо 3 | Растителни влакна 1,0 |
Вода 90,5 |