Храната е повеќе од важна за нашиот организам и нашeто функционирање. Пред било која физичка активност морате да внесете доволно храна за да имате доволно сила и енергија да го издржите тренингот и да го направите ефикасен.
Исхраната пред тренинг треба да содржи лесно сварливи намирници кои во текот на физичката активност ќе ги задоволат енергетските потреби. Таквиот оброк треба да биде со висок состав на јаглени хидрати .
Потребен е најмалку саат и пол до два пред тренинг да јадете.Обавезно земете квалитетен оброк за вежбањето да има подобар ефект. Ако вежбате гладни, вашиот организам наместо од масните ќелии , цела енергија ќе ја црпи од мускулите.
Во текот на тренингот обавезно пијте вода, со што му обезбедувате на вашето тело навремена рехидратација.