Бадемите се одличен извор на витамин Б, Е, магнезиум, фолна киселина, протеини и растителни влакна.
Бадемите содржат триптофан, амино киселина, која помага при развојот на мозокот. Содржината на фосфор во бадемите, исто така, помага во развивање на мозокот и мускулните ткива. Друга придобивка од бадемите е подобрување на меморијата. Земете 5-6 бадеми во текот на ноќта или комбинирајте ги со млеко секое утро за да ја подобрите вашата меморија. Бадемите, исто така, можат да помогнат да се ослободите од стресот и да ги контролирате промените во расположението.
Јадењето околу 20 бадеми секојдневно може да го намали ЛДЛ (лошиот) холестерол. Доколку изедете дупло повеќе бадеми дневно, тоа ќе го стопирате дебелеењето, и ќе ја контролирате телесната тежина. Бадемовите растителни влакна ги блокираат некои од мастите кои ги содржат бадемите и недозволуваат да бидат апсорбирани во човечкиот организам. Така да, уживајте во неколку грстови на ден!
Енергетски десерт со бадеми:
– 200 мл Јогурт
– 1 Банана
– 20 Бадеми
– 3 суп. лаж. Овесни снегулки
Ставете ги заедно сите закуски во Блендер, 1 до 2 минути, и уживајте во убавиот вкус…..