Какаото познато е под името theobroma – во буквален превод значи "Храна на Боговите".
Тоа е храна број 1 во содржењето на антиоксиданси. Содржи повеќе антиоксиданси од зелениот чај, виното и шумските плодови искомбинирани заедно!
Витаминот Ц е застапен во големи количини, толку многу што има повеќе од сите други семиња и јаткасти плодови.
Други есенцијални (незаменливи) минерали што се содржат во какаото се калциум, цинк, железо, бакар, сулфур и калиум. Какаото содржи многу хемикалии кои се важни за физичкото и менталното здравје, вклучувајќи ги алкалоидите, протеините, магнезиумот, бета-каротинот, леуцинот, линоленската киселина, липаза, лизин и неутрансмитери како допамин и анандемин.
Исто така какаото е феноменален извор на растворливи растителни влакна.
Ниедна храна не содржи толку многу магнезиум како какаото, не е ни чудо што жените околу и за време на мензисот посегнуваат по чоколада. Магнезиумот е поврзан со балансираните хемиски реакции на мозокот, силните коски, контракциите на мускулот и срцето и среќата – познат е и како среќниот минерал.
ЗДРАВСТВЕНИ ПРИДОБИВКИ ОД КАКАОТО
►Ги шири крвните садови и со тоа ја подобрува циркулацијата, го спречува згрутчувањето на крвта, го регулира отчукувањето на срцето и крвниот притисок, го намалува холестеролот и го намалува ризикот од инфаркт.
►Штити од надворешни и внатрешни токсини – ја поправа и ја зголемува отпорноста од штетата извршена од слободните радикали и може да го намали ризикот на некои видови рак.
►Неуротрансмитерите се зголемени под посредство на какаото и ни помага да се чуствуваме добро.
►Сератонинот (хормонот на среќата) во мозокот е покачен под дејство на какаото и делува како анти-депресент.
►Ендорфини – какаото стимулира излачување на ендорфини кои создаваат задоволувачко чуство на "high", исто како тоа после истрчување на неколку километри.
►Фенилетиламин – го има во чоколадата, но мозокот исто така го произведува кога сме заљубени. Го подигнува расположението и делува како анти-депресент, но и го зголемува фокусот и реагирањето.
►Анандамид – позната како "блажената хемикалија" бидејќи прави да се чуствуваме убаво подолго време.
►Ефедрин – ги шири алвеолите во белите дробови и овозможува подобро дишење, а со тоа и полесно извршување на спортските активности.
►Сулфур – познат како минералот на убавината. Сулфурот ги гради ноктите и косата, ја прави кожата сјајна, го детоксицита црниот дроб и панкреасот.
►Незаменливи масти – ја содржи олеинската к-на која претставува монозаситена масна к-на која е здрава за срцето и го намалува лошиот холестерол.
Во какаото има супстанци кои го намалуваат апетитот!
Какаото е многу мал содржател на кофеин, треба да испиеш 20 шољи какао за да внесеш кофеин колку што има во 1 шоља кафе. Но ефектот на расонување ќе го добиете и со какото, но притисокот нема да Ви се покачи, како што е случајот со кофеинот.