Сите знаеме дека цигарите се штетни за здравјето на човекот, но интересен е фактот што цигарите влијаат штетно на нашите мускули и ги спречуваат да бидат здрави и силни.
Кај непушачите при вдишување белите дробовите се полнат со кислород кој што се соединува со хемоглобинот. Крвта патувајќи низ крвниот систем ги снабдува мускулите со кислород за тие да можат да функционираат нормално.
Додека кај пушачите, при вдичување на димот од цигарите во белите дробови влегуваат отровни материи, помешани со кислород. Таа мешамина крвта ја носи до мускулните влакна и тие добиваат помалку кислород, со тоа значително е намалена способноста на мускулите.
Една од најштетните материи, која се внесува преку димот од цигарите, е јаглеродниот диоксид. Тоа е гас кој се произведува во организмот во многу мали количини. Овој гас многу полесно се сврзува со хемоглобинот во крвта, отколку кислородот (околу 230 пати полесно). На тој начин кислородот е избуткан од крвта и во значително помали количини влегува во мускулите.
Кислородот игра важна улога во производството на енергија во организмот, затоа намалениот кислород значи намалена енергија. Резултатите можат да бидат недостаток на енергија, брз замор, задишување, нарушена работа на срцето и т.н.
При идентично физичко оптоварување, пулсот кај пушачите се забрзува повеќе отколку кај непушачите. Тоа настанува поради недостатокот на кислород во крвта и затоа срцето треба да испумпа повеќе крв за го компензира недостатокот на кислород.
Овие последици важат и за пасивното пушење.
Покрај сите споменати штети, димот од цигарите ги спречува мускулите да бидат здрави, а тренинзита да ги имаат најдобриот резултат.
Ова нека биде уште еден мотив за сите оние кои се пушачи, а сонуваат за здаво и добро градено тело.