Ако сте љубители на морската исхрана, тогаш денес може да биде вашиот среќен ден. Експериментите покажале дека остригите се одлични за вашиот мозок, без разлика на вашата возраст. Затоа што тие се богати со цинк и железо. Конзумирањето на ова морско задоволство ќе ви помогне да го задржите својот ум остар и ќе ја подобрите вашата способност да можете лесно да се потсетите на информациите.
Цинкот и железото се директно поврзани со способноста на мозокот за да бидете фокусирани и да ја подобрите вашата меморија. Недостатокот на цинк и железо може да резултира со заборавање, слаба концентрација, а секако и со други заболувања во вашиот организам.