Мелатонин

Мелатонинот е хормон кој се излачува од епифизата во мозокот. Помага во регулирањето на другите хормони и деноноќниот ритам на телото. Овој ритам претставува интервал од 24 часови и игра важна улога за тоа кога заспиваме и кога се будиме. Кога е темно, телото произведува повеќе мелатонин, а кога е дење се случува спротивното, производството на мелатонин опаѓа. Ако сме изложени на силна светлина за време на вечерта или на недоволна светлина за време на денот ги пореметува нормалниот циклус на мелатонинот.

Примери за ова се заморот, работата во смени, слабиот вид и друго.

 

Мелатонинот  исто така помага да се контролира времето на ослободување на женските репродуктивни хормони. Помага да се одреди кога започнува менструалниот циклус, фреквенцијата на траење и да се одреди менопаузата.

Некои истражувачи веруваат дека нивоата на мелатониот се поврзани со стареењето. Како пример ќе ги посочиме децата кои имаат највисоко ниво на ноќенмалатонин, а како старееме тие се намалуваат. Исто така некои мислат дека старите луѓе поради ова имаат проблеми со спиењето и си легнуваат порано и стануваат многу рано, за разлика од тоа кога биле помлади.

Мелатонинт има висок антиоксидантен ефект и го забавува стареењето. Некои истражувања покажале дека помага да се зацврсти имуниот систем.

Мелатониот и кревањето тежини се тие кои го присилуваат телото да произведува хормон за раст.

Храна која содржи мелатонин: овес, пченка, бадеми, банана, домати и семиња.

 

Сподели го овој пост!

За авторот : Даниел Трбогазов

Даниел е Дипломиран Проф. по Физичко образование и е главен уредник и основач на порталот Мој Тренер. Работната кариера ја гради како Фитнес Тренер и Инструктор по пливање. Работи со млади и возрасни почетници , луѓе со посебни потреби и нуди простор за индивидуални тренинзи. Неговата основна цел е да ги поттикне младите и возрасните да водат здрав и физички активен живот, а воедно и да даде придонес во збогатувањето на спортската литература на овие простори.

Остави Коментар

Вашиот маил нема да биде објавен.