1. ШТО Е КРЕАТИН?
– Креатинот е азотна органска киселина која е составена од аминокиселините аргинин, глицин и меотинин. Скелетните мускули содржат 95% креатин, додека остатокот се наоѓа во срцето, мозокот и тестисите.
2. КАКО РАБОТИ КРЕАТИНОТ?
– Одговорот ќе го најдете тука!
3, КОЈ МОЖЕ ДА КОРИСТИ КРЕАТИН?
– Едноставно е, секој што сака да ја зголеми чистата мускулна маса, да добие сила и да ги зголеми своите аеробни и кардио способности треба да суплементира со креатин.
4. ДАЛИ КРЕАТИНОТ ПОМАГА ВО ГРАДБАТА НА МУСКУЛИТЕ?
– ДА! Креатинот ги нуди следните придобивки:
– Ја зголемува чистата протеинска мускулна маса
– Ја зголемува максималната сила
– Ја подобрува мускулната издржливост
– Ја подобрува аеробната сила и перформансите (скокови, џогирање, повторувачки спринтови)
5. ДАЛИ КРЕАТИНОТ ПОМАГА ВО ТОПЕЊЕТО МАСТИ?
– ДА! Креатинот помага во ослободувањето и топењето на мастите индирекно преку посредството во зголемувањето на метаболички активната чиста мускулна маса.
Едноставно е, колку повеќе мускули има на Вас, толку повеќе и поинтензивно ќе можете да вежбате, трошејќи се повеќе калории секој нареден тренинг. Освен тоа креатинот има хидрирачки способности каде што клетката ја полни со вода, а со тоа дирекно се зголемува синтезата на протеин и метаболитичките процеси.
6. КОЛКУ КРЕАТИН ТЕРБА ДА СЕ ВНЕСУВА?
– Оптимално е од 5 – 10 грама (мала лажичка) на ден. Еден час пред тренинг и одма по тренингот со некое овошје, бидејќи простите јаглехидрати го складираат поефикасно во мускулот со помош на кралот на анабоните хормони, инсулинот.
7. ШТО Е КРЕАТИНСКО ПОЛНЕЊЕ?
– За побрзи придобивки од внесувањето на креатинот, Вие треба да земате околу 20 грама, поделени на еднакви периоди по 5 гр. 4 пати на ден и тоа треба да трае од 7 – 14 дена. Оваа фаза помага за скратување на времето за да ги забележите резултатите од користењето на креатинот. По фазата на полнење, продолжете со нормалното внесување од 5 – 10 грама. Полнењето може да биде прескокнато.
8. ШТО Е КРЕАТИНСКИ ЦИКЛУС?
– Креатински циклус е креатинското полнење, нормалното земање креатин и паузата. Сето тоа се повторува. Полнењето трае од 1 – 2 недели, нормалноте земање е од 3 – 4 недели и паузата е околу 3 недели. Креатинот останува во мускулите и 2 недели по престанокот на пиењето, а некои бодибилдери не практикуваат циклус, туку континуирано суплементираат.
9. ДАЛИ КРЕАТИНОТ ЗА ЗАДРЖУВА ВОДАТА?
– Креатинот помага клетките да ја задржат водата, што за разлика од ефектот што го има солта, ова е добро за спортските перформанси. Исто така ова придонесува за поголема телесна тежина.
10. СО КОЛКУ ВОДА СЕ ПИЕ КРЕАТИНОТ?
– 200 мл. на секои 5 грама креатин.
11. КОЈ ВИД НА КРЕАТИН Е НАЈДОБАР?
– Рецензија од нутриционистот Ален Арагон – "Креатин монохидрат е дефинитивно вистинското нешто, не само што е значително поевтин од другите видови креатин, туку и има подобра биодостапност за организмот".
12. ДАЛИ КРЕАТИНОТ Е БЕЗБЕДЕН?
– Според номинирани доктори, креатинот претставува најмногу испитуваната супстанца во историјата на суплементациите. Според ова научниците јасно ставаат до знаење дека суплементите на креатинот немаат штетни ефекти врз човекот. Тоа е бидејќи креатинот веќе се создава во бубрезите, црниот дроб и панкреасот.
13. ДАЛИ КРЕАТИНОТ Е БЕЗБЕДЕН ЗА ТИНЕЈЏЕРИТЕ?
– Да и исто така е ефективен во подобрувањето на силата и преформансите во разни спортови.
14. ДАЛИ КРЕАТИНОТ Е БЕЗБЕДЕН ЗА ЖЕНИ?
-ДА, девојките кои сакаат да бидат посилни и да изградат чисто и атлетско тело можат да земат креатин.
15. ДАЛИ КРЕАТИНОТ Е ЗАБРАНЕТ ВО СПОРТОТ?
-НЕ, дознајте повеќе тука!