КСИЛИТОЛ – замена за шеќер

Ксилитол е шеќерен алкохол кој е познат и како дрвен шеќер, односно шеќер од бреза и се наоѓа во многу овошја и зеленчуци, а се користи и како безбедна замена за обичниот рафиниран шеќер. Друг факт што сугерира на неговата безбедност е тоа што е 100% природен произвоид токму затоа што се создава во човекот како нуспроизвод на метаболизмот, дури 15 гр. секој ден. Има ист вкус како и обичниот шеќер.

 

Ксилитолот најпрво започнува да се користи во Европа во 19 век, како заспалувач за дијабетичарите бидејќи не ги покачува нивоата на инсулин. Моментално е одобрен во околу 40 земји како додадок на здравата храна и влегува во составот на гумите за џвакање и разни слатки, но и во фармацефтските и оралните продукти како таблетките против болка во грлото, сирупите, детски мултивитамини, пасти за заби и освежувачи на уста.

 

КСИЛИТОЛ ЗА НАМАЛУВАЊЕ НА ТЕЖИНАТА

» Една кафена лажица Ксилотол содржи 9,6 калории, додека една лажица шеќер дури 15 калории. Според ова Ксилотолот има 40% помалку калории од шеќерот.

» Ксилотолот содржи нула штетни јаглехидрати, додека шеќерот доржи 4 гр. во една лажичка.

 

Ксилитолот е одличен за диета која содржи исхрана со малку јаглехидрати, односно нискокалорична исхрана. Можете да го додадете во најразлична храна и напитоци како кафето, чајот, разни блендани оброци, житарици и друго. Но да не се претерува и да дојде до забуна, ксилотолот сепак содржи калории.

 

ЕФЕКТОТ ВРЗ ЗАБИТЕ

» ја намалува опасноста од забен кариес

» може да спречи, дури и да излечи забен кариес

» може да ги поправи малите оштетувања од кариесот

» ги привлекува бактериите кои ги напаѓаат забите, а потоа ги изгладнува бидејќи тие неможат да се хранат од него.

 

 

КСИЛИТОЛОТ И ДИЈАБЕТИСОТ

Овој шеќер е бил најпрво наменет за дијабетичарите бидејќи за разлика од обичниот бел шеќер, многу побавно се апсорбира во крвта, односно има низок гликемиски индекс. 

ГЛИКЕМИСКИ ИНДЕКС е времето на јаглехидратите кое им е потребно од нивното внесување да стигнат до крвта.

Гликемискиот индекс на ксилитолот е 7, а на белиот шеќер е 100.

Ова значи дека кога ксилитолот е внесен во организмот, процентот на шеќер во крвта се зголемува незначително полека и малку, а лачењето на инсулинот е незначително мало. Ова го прави ксилитолот идеален во исхраната на дијабетичарите.

 

Заклучок за ПРИДОБИВКИТЕ ОД КСИЛИТОЛОТ

» за разлика од белиот шеќер, ксилитолот не бара инсулин за да биде разложен

» не предизвикува нагли зголемувања на инсулинот

» благ е исто колку и шеќерот

» има 40% помалку калории

» не содржи опасни јаглехидрати

» ксилитолот е 100% природен

 

Сподели го овој пост!

За авторот : Даниел Трбогазов

Даниел е Дипломиран Проф. по Физичко образование и е главен уредник и основач на порталот Мој Тренер. Работната кариера ја гради како Фитнес Тренер и Инструктор по пливање. Работи со млади и возрасни почетници , луѓе со посебни потреби и нуди простор за индивидуални тренинзи. Неговата основна цел е да ги поттикне младите и возрасните да водат здрав и физички активен живот, а воедно и да даде придонес во збогатувањето на спортската литература на овие простори.

Остави Коментар

Вашиот маил нема да биде објавен.