Chinlone – Уникатна игра со топка

На прв поглед оваа игра изгледа како играње фудбал во целина, но во оваа игра учесниците користат многу помал простор. Chinlone играта не е фокусирана на постигнување бодови со одење во напад и давање гол, туку убавината на оваа игра е во вештината и елеганцијата на движење со топка. Слободно може да се каже дека оваа игра е комбинацијата на играње фудбал со кунг фу.

Во оваа игра не постои спротивниот тим ,затоа би можело да се рече дека играта ја игра само еден тим. Правилата на оваа игра бараат од учесниците да играат топка со фокусирана визија, така што топката нема да падне  додека ја покажуваат нивната вештина.

Chinlone играчите треба да си додаваат едни на други во комбинација на  уникатни акции при играњето топка, и имат  за цел да се покаже  убава игра. Топкaта која се користи за играње е направена од шеќерна трска и ратан .

Сподели го овој пост!

За авторот : Даниел Трбогазов

Даниел е Дипломиран Проф. по Физичко образование и е главен уредник и основач на порталот Мој Тренер. Работната кариера ја гради како Фитнес Тренер и Инструктор по пливање. Работи со млади и возрасни почетници , луѓе со посебни потреби и нуди простор за индивидуални тренинзи. Неговата основна цел е да ги поттикне младите и возрасните да водат здрав и физички активен живот, а воедно и да даде придонес во збогатувањето на спортската литература на овие простори.

Остави Коментар

Вашиот маил нема да биде објавен.