Придобивки од истегнувањето

Истегнувањето има многу придобивки. Најочигледно е зголемувањето на мускулната флексибилност, а тоа резултира на многу други подобрувања. Ова се следните придобивки кога редовно се прави истегнување:

Зголемување на флексибилноста и опсегот на движењето

Спречување повреди

Сперчување или намалување на воспалението на мускулите

Подобрено држење на телото

Подобрени перформанси

Ослободување од стресот

 

Зголемување на флексибилноста и опсегот на движењето

Оваа придобивка е најочигледна кога ќе правите истегнување одреден период и претставува најчестата причина зошто луѓето прават програма на истегнување. Но ова не е главната причина зошто Вие би започнале да правите редовно истегнување, можеби сакате да ги подобрите Вашите спортски перформанси, држењето на телото или да спречите повреда?

 

Спречување повреди

Ако сте флексибилни, тоа може да спречи да се повредувате. Истегнувањето веќе  многу години се користи како метод на загревање пред да се започне со активност. Имањето на флексибилни мускули спречува добивање на акутни повреди како што е истегнувањето на тетива. Нежно истегнете и држете ги мускулите пред да вежбате што и да било, а исто така ова е убаво да го правите секој ден после станувањето од кревет.

 

Сперчување на воспаление на мускулите

Воспалението во мускулите се појавува 24 – 48 часа по вежбањето, поради микоскопските повреди во мускулот. Истегнувањето ПРЕД и ПОСЛЕ тренингот ги минимализира овие микро повреди.

 

Подобрено држење на телото

Во многу случаи лошото држење на телото кое се развива со тек на времето, небалансот на мускулите е главниот виновник. Добар пример се мускулите на градите кои стануваат пократки кај луѓето кои се наведнати над компјутерот. Истегнувањето на овие мускули може да го подобри држењето.

Подобри перформанси

Многу спортови имаат потреба од големо ниво на флексибилност, како на пример атлетичарите и гимнастичарите. Ако сакате да имате здрави мускули, тие мора да бидат флексибилни. Како што спомнавме, тие ќе помогнат да се намалат повредите, но исто така го прави мускулот многу посилен со зголемувањето на опсегот на движење. Ова им дава предност на луѓето кои имаат мал опсег на движење на мускулот.

 

Ослободување од стресот

Згрчененоста во мускулите најчесто е поврзана со стресот – факт е дека ние се згрчуваме кога сме под стрес. Пример се мускулите во вратот. Опуштете се, наведнете ја главата надоле и завртете ја на лево, па на десно неколку пати, дишете длабоко и исклучете го мозокот за секунда и ќе почуствувате големо олеснување.

 

 

 

 

Сподели го овој пост!

За авторот : Даниел Трбогазов

Даниел е Дипломиран Проф. по Физичко образование и е главен уредник и основач на порталот Мој Тренер. Работната кариера ја гради како Фитнес Тренер и Инструктор по пливање. Работи со млади и возрасни почетници , луѓе со посебни потреби и нуди простор за индивидуални тренинзи. Неговата основна цел е да ги поттикне младите и возрасните да водат здрав и физички активен живот, а воедно и да даде придонес во збогатувањето на спортската литература на овие простори.

Остави Коментар

Вашиот маил нема да биде објавен.