Секс за поздрав живот

Сексот игра важна улога во нашето физичко и емоционално функционирање. Го подобрува имунолошкиот систем, функционирањето на  виталните органи,  ја намалува болката, ги регулира хормоните, го намалува ризикот за срцев удар и рак, согорува калории и дава повисок степен на радост и задоволство. Сексуално активните луѓе поретко се болни, подруштвени се, подобро расположени и повеќе уживаат во животот, а жените кои имаат секс барем еднаш неделно имаат навремен менструален циклус.

Согорува калории
Сексот е пред се физичка активност, со која се губат најмалку 4 калории во минута. Докажано е дека со 30 минутен секс, во просек се губат околу 200 калории. Доколку се посветите на секс-диета имате реални шанси да изгубите околу 1кг во рок од 10ина дена или во калории од 6500 до 7500 калории, зависно од тоа колку ќе бидете активни во самиот чин.

Ги зголемува градите, го буди разумот
Премногу добро за да биде вистинито, но така е. Сексуалното возбудување г зголемува крвотокот во телото, што може да ги зголеми градите за 25%. Освен тоа, со секој оргазам се подобрува коефициентот на интелегенција. Овие работи се случуваат затоа што при постигнувањето на оргазмот се случуваат голем број хемиски реакции и физички промени во нашето тело. Крвта е богата со кислород, а циркулацијата го достигнува максимумот, па крвта многу бргу продира до сите органи, вклучувајќи го и мозокот.

Против депресија, грип, болка . . .
Луѓето кои редовно имаат сексуален однос поретко се преладуваат и по отпорни се на грип, што значи дека имаат подобар имунитет. Ретко запаѓаат во депресија. Ова е резултат на тоа што, сексот петкратно го зголемува лачењето на ендрофин. Ендрофинот е невротрансмитер кој се создава во мозокот. Ублажува разни типови на болка, а познат е и по тоа што предизвикува еуфорија.

Разубавува и подмладува
Сексот помага при затегнувањето на кожата. За време на односот, организмот произведува колаген, што ја прави кожата глатка и сјајна. Паровите кои имаат секс три пати неделно, изгледаат две до три години помалди од паровите кои тоа го прават поретко.

 

Опасност од “предозирање“
Во ништо не треба да се претерува, па така ни во сексот, поготово ако си машко. Случаите на “предозирање“ со секс, најчесто доаѓаат како резултат на користење на вијагра. При ваквите појави може да дојде до трајно оштетување на ткивата на пенисот.

Придобивките од сексуалната активност се големи, затоа не се колебајте, направете го тоа со вашиот љубен или љубена.
Во секој случај водете грижа во вашиот сексуален однос да бидете заштитени од полови болести.
За оние кои немаат партнер, да не се разочаруваат, затоа што и при мастурбрирање се добиваат приближни резултати.
 

Сподели го овој пост!

За авторот : Даниел Трбогазов

Даниел е Дипломиран Проф. по Физичко образование и е главен уредник и основач на порталот Мој Тренер. Работната кариера ја гради како Фитнес Тренер и Инструктор по пливање. Работи со млади и возрасни почетници , луѓе со посебни потреби и нуди простор за индивидуални тренинзи. Неговата основна цел е да ги поттикне младите и возрасните да водат здрав и физички активен живот, а воедно и да даде придонес во збогатувањето на спортската литература на овие простори.

Остави Коментар

Вашиот маил нема да биде објавен.