“Газираните” и “Густите” сокови содржат иста количина шеќер!

Најголемиот мит кај безалкохолните пијалоци е тоа дека овошните сокови не дебелеат. Ова е многу неточен факт и погрешно сваќање на луѓето. Тоа што "густите" сокови се направени од концентрат на овошје немора да значи дека во него е изоставено додавањето на шеќер.

КОЛИЧЕСТВОТО НА ШЕЌЕР ВО ОВОШНИТЕ СОКОВИ Е ИСТО КОЛКУ И ВО ГАЗИРАНИТЕ, единствената разлика е тоа што во нив не е додадена сода (CO2). Понекогаш овошните сокови се збогатени и со додадени витамини. 

Тие содржат 11 гр. шеќер на 100 мл, додека од една испиена чаша се снесуваат 28 гр. шеќер што е еднакво на 6 лажици, односно 112 калории, што е премногу од толку мала количина, а сепак нема да Ве засити воопшто. Во 1 литар ваков сок има дури 110 гр. шеќер и 440 – 460 калории.

 

Соодветна замена нека Ви бидат домашните свежо цедени сокови, овошјето (нецеденото растителни влакна и повеќе витамини), водата (минерално газирана и обична), а можете и сокови купени во продавница кои имаа ознака 100% и да бидат без шеќер. Овие 100% сокови не се 100% бидејќи во нив се додава дополнително вода. Внимавајте соковите да не бидат конзервирани, туку пастеризирани.

Сподели го овој пост!

За авторот : Даниел Трбогазов

Даниел е Дипломиран Проф. по Физичко образование и е главен уредник и основач на порталот Мој Тренер. Работната кариера ја гради како Фитнес Тренер и Инструктор по пливање. Работи со млади и возрасни почетници , луѓе со посебни потреби и нуди простор за индивидуални тренинзи. Неговата основна цел е да ги поттикне младите и возрасните да водат здрав и физички активен живот, а воедно и да даде придонес во збогатувањето на спортската литература на овие простори.

Остави Коментар

Вашиот маил нема да биде објавен.