BCAA – разгранет синџир на аминокиселини

BCAA или Branch Cain Amino Acid, се состои од аминокиселините леуцин, исолеуцин и валин. Причината што овие 3 аминокиселини се викаат BCAA е тоа што тие разгрануваат од другите 5 есенцијални аминокиселини за да формираат нивни посебен синџир.

Аминокиселините се одговорни за формирањето на протеини во телото. Протеините се одговорни за формирање на мускулното ткиво, како и за зголемување на матаболизмот на телесните масти. Правилната исхрана дали преку диета или преку суплементација, мора да вклучува протеин.

BCAA е многу важен за растењето на скелетните мускули и претставува 25% од вкупните протеини за развој на мускулите. Луѓето ги внесуваат BCAA аминокиселините нјчесто преку храната што ја јадат или преку суплементи. Млекото и млечните производи, месото и леугоминозите содржат најмногу BCAA.

БЕНИФИЦИИ ОД КОРИСТЕЊЕ BCAA

BCAA е многу проучуван производ и многу студи покажале дека е ефикасен кај пациенти кои имаат рак, пациенти со извршен хируршки зафат, тешки болести на црниот дроб и друго.

Основната функција на BCAA е да помогне мускулот побрзо да се опорави по тренинг, да спречи оштетување на мускулот од вежбањето и да спречи губито на мускулна маса кај неактивни луѓе. Некои бодибилдери земат BCAA и тврдат дека им ја зголемува силата за време на тренингот.

 

СОСТАВОТ НА BCAA И ШТО ТОА НУДАТ КОМПОНЕТИТЕ

Кко што претходно спомнавме BCAA се состои од леуцин, исолеуцин и валин. Ови 3 во комбинација работат најдобро, но сепак и посебно имаат голема корист

 

ЛЕУЦИНОТ е произведувач на енергија кој помага во заздравувањето на мускулот, а дури и помага да се нормализира шеќерот во крвта. Леуцинот исто така учествува во производството на хормонот за раст. Помага за побрзо согорување на мастите, особено тие што се на стомакот.

 

ИСОЛЕУЦИНОТ го нуди истото што и леуцинот. Покраја другото помг во создвање на енергија и е незаменлив во формирањетоа на хемоглобинот. Исолеуцинот овозможува да се засири крвта кај отворените рани.

 

ВАЛИНОТ има неколку функции, а една од нив е д обезбеди енергија за телото. Ова го прави со снабдување на мускулите со гликоза за да се произведе енергија. Овој процес најчесто се одвива кога телото е под стресна активност. Валинот помага во регулацијата на шеќерот во крвта низ целото тело и ова претставува начинот н акој што ги обезбедува мускулите со потребната гликоза кога им е најпотребна. Валинот е потребен за здрав ум и за менталното здравје. Исто така во отстранува наталожениот нитроген од мускулите и го разнесува во тие делови на телото кај што е најпотребен.

 

Заедно овие 3 аминокиселини придонесуваат за развој на здрави и силни мускули. Ако вежбате скоро секој ден, земањето BCAA суплементи може да Ви помогне во одржувањето на здравјето на мускулите.

Сподели го овој пост!

За авторот : Даниел Трбогазов

Даниел е Дипломиран Проф. по Физичко образование и е главен уредник и основач на порталот Мој Тренер. Работната кариера ја гради како Фитнес Тренер и Инструктор по пливање. Работи со млади и возрасни почетници , луѓе со посебни потреби и нуди простор за индивидуални тренинзи. Неговата основна цел е да ги поттикне младите и возрасните да водат здрав и физички активен живот, а воедно и да даде придонес во збогатувањето на спортската литература на овие простори.

Остави Коментар

Вашиот маил нема да биде објавен.