Житарици – 3 состојки ДА и 3 состојки НЕ

Енергетските барови, протеинските барови и другите слични производи од житарици имаат различни имиња, но сите имаат иста цел – да му обезбедат на Вашето тело енергија. Секогаш треба да го проверите нивиниот состав за да дознаете дали внесувате квалитетни хранливи состојки или само празни калории. Никогаш не и верувајте на предната страна на опаковката, може да биде преполна со пофални зборови, секогаш читајте ги ситните букви на позадината, таму се крие вистината.

 

3 состојки кои треба да ги содржат житариците.

 

Цели зрна: житните плодови се наоѓаат во енергетските барови. Сите жита се сметаат за цели зрна. Целите зрна се здрав извор на јаглехидрати и влакна да ви помогнат да бидете заситени. Интегралното брашно е во ред, исто така.

Јаткасти плодови и семки: Овие се богати со "добри масти", и се одличен извор на протеини и влакна. Секаков вид на јаткаст плод или семе е хранлив прилог на вашата исхрана. Не се вознемирувајте ако грамажата на масти изгледа голема ако изворот е од јатки или семиња. Многу луѓе се уште се во заблуда и  мастите од јатките и семки ги споредуваат со мастите на нивното тело и ова е неточно верување. Јадењето повеќе калории отколку што Ви треба е она што води вашето тело за да складира масти.

Суво овошје: Најдобриот природен засладувач што можете да го добиете. Полни се со витамини и минерали, но белот шеќер и високо фруктозен сируп од пченка не се содржи.

3 состојки кои треба да ги ги нема во житариците.

 

Шеќер: Ова е број еден состојката која ќе направи една житарица да има многу добар вкус, а сепак да биде многу евтина.баровите со повисок квалитет ќе го користат суво грозје или други суви овошја како засладувачи.  Видете колку шеќер има во барот од задната страна. Ако шеќерот е во близината на врвот, тогаш знајте дека мора да има многу.

Делумно хидрогенизирани масла: познати  како транс-масти. Повеќето луѓе знаат дека овие се нај опасен вид на масти. Со човекот се поврзани како предизвикувачи на бројни здравствени проблеми. Никогаш не би можеле да си претставите дека се содржат во житарици кои се продаваат како здрава храна.

Вештачки адитиви: Ова опфаќа широк спектар на состојки. Внимавате на вештачките: бои, вкусови, конзерванси и засладувачи. Во суштина избегнувајте храна што не Ви личи на вистинска храна. А дискутабилна состојка е и секој протеински изолат (обично соја или сурутка). Ова не е природна храна, таа претрпува голема преработка.

Сподели го овој пост!

За авторот : Даниел Трбогазов

Даниел е Дипломиран Проф. по Физичко образование и е главен уредник и основач на порталот Мој Тренер. Работната кариера ја гради како Фитнес Тренер и Инструктор по пливање. Работи со млади и возрасни почетници , луѓе со посебни потреби и нуди простор за индивидуални тренинзи. Неговата основна цел е да ги поттикне младите и возрасните да водат здрав и физички активен живот, а воедно и да даде придонес во збогатувањето на спортската литература на овие простори.

Остави Коментар

Вашиот маил нема да биде објавен.