Подгответе се за P90X

P90X е екстремна домашна фитнес програма која е предводена од мотивациониот тренер Тони Хартон. Оваа програма е многу тешка и има висок интензитет на извршување на вежбите. Повторувањата на сериите претежно се прават со средни тежини се додека можете да ги движите. Од Вас се бара да се водите кон здрав диета – начин на исхрана, како и да сте кондиционо спремни. За да ги постигнете најдобрите резултати и да избегнете повреди, треба да го зголемите Вашето фитнес ниво и да се подготвите за напорот на P90X програмата.

 

1. Набавете ја опремата која Ви е потребна за изведување на P90X вежбите. Купете вратило, ластици за отпор, еднорачни тегови со разни големини, соодветни патики и јога сунѓер. Како опција Ви преостанува и да ја вежбате програмата и во блискиот фитнес центар.

 

2. Доколку сте почетници, 3 недели пред да ја започнете програмата почнете да пешачите 45 мин. до 1 час, 3 пати неделно. Ова е одлична вежба за да ја зголемите издржливоста и физичката активност. Доколку сте доволно издржливи, можете да ја правите 4 неделната програма за трчање.

 

3. Започнете да правите подигнувања на вратило. Вратилото е основен дел на P90X програмата каде што е фокусирано за извршување на разни вежби. Дури и најспремните може да имаат проблеми при извршување на вежбите каде што е вклучено вратилото, па затоа без разлика на Вашата физичка подготвеност, најмалку 1 месец пред започнување со програмата вежбајте вратило.

4. Разгледајте ја програмата за исхрана и планирајте ги Вашите оброци по P90X планот за исхрана. Во неа се предвидува чиста, необработена храна со фокус на протеините и зеленчукот. Не само што треба да се придржувате до препорачаната храна, исто така треба да бидете запознаени и со рецептите што се дадени. Програмата ќе Ви помогне да ги добиете посакуваните резултати и да го извлечете максимумот.

Сподели го овој пост!

За авторот : Даниел Трбогазов

Даниел е Дипломиран Проф. по Физичко образование и е главен уредник и основач на порталот Мој Тренер. Работната кариера ја гради како Фитнес Тренер и Инструктор по пливање. Работи со млади и возрасни почетници , луѓе со посебни потреби и нуди простор за индивидуални тренинзи. Неговата основна цел е да ги поттикне младите и возрасните да водат здрав и физички активен живот, а воедно и да даде придонес во збогатувањето на спортската литература на овие простори.

Остави Коментар

Вашиот маил нема да биде објавен.