Претренирувањето на мускулите по вежбањето е најлошото нешто што може да му се случи на Вашето тело. Оваа состојба се појавува кога вежбате премногу и буквално ги носите мускулите до ниво на откажување, по што им е потребен одмор и опоравок. Сиромашната диета доведува до многу лесно претренирање, односно мускулите стануваат слаби и немаат соодветни хранливи материи за да се опорават за слениот тренинг. Ова е полошо и од недоволното одмарање. Морате да ја изберете соодветната храна за да Ви се опорават мускулите по состојбата на претренираност.
1. МЕСО
Недостатокот на недоволното внесување калории предизвикува претренираност. Калориите претежно треба да доаѓаат од протеините и од останатите хранливи материи со што ќе му помогнат на телото да гради мускулна маса и да го подготви мускулот за тренингот во блиската иднина. Вклучете чисто пилешко месо, говедско, како и разните видови на риба.
2. ОВОШЈЕ И ЗЕЛЕНЧУК
Кога телото има недостаток на калории, исто така нема ни доволно витамини, минерали и други хранливи материи. За да го надоместите недостатокот мора да внесувате многу овошје и зеленчук ако сте претренирани. Витамините од Б комплексот се растворливи во вода и се исфрлаат преку потта и мокрачата, па затоа мора константно да се надоместуваат. Овие викамини се фактори за метаболизам и искористување на јаглехидратите, протеините и мастите. Исто така помагаат во опоравувањето.
3. МЛЕЧНИ ПРОДУКТИ И ЈАЈЦА
Младото сирење и јајцата се полни со протеини и се токму тоа што телото бара после напорен тренинг. Протеинот е незаменлив кога станува збор за изградба на мускулна маса и при опоравувањето ан исцрпените мускули.
Не се плашете да внесете повеќе калории отколку што Ви е потребо, но избегнувајте ја "junk" храната бидејќи Ви нуди само празни калории кои Ви штетат. Претренираноста често предизвикува да изгубите тежина, а тоа не би го сакале кога градите мускулна маса.