ЦИТРОН – универзален лек без несакани ефекти

Цитронот е многу моќна храна која треба секојдневно да се наоѓа на нашето мени. Тој претставува лек за премногу болести, а сето ова е научно докажано со многу експрименти. За разлика од синтетичките лекови, цитронот претставува природен лек кој не предизвикува несакани последици. 

Цитронот може да спречи дебелеење, да се справи со дијабетисот (шеќерната болест), го намалува холестеролот, се бори против ракот, лекува чиреви во желудникот, ги намалува болестите на непцата, а дури може да спречи излив на мозокот.

Нарингенинот е антиоксидан кој го дава горчливиот вкус на цитрониот, кој делува како 2 посебни лекови кои се користат кај шеќерно болните.

Нарингенинот  исто така го нормализира нивот на триглицеридите и холестеролот во крвта, помага во намалување на отпорноста на инсулин и комплетно го нормализира метаболизмот на гликозата. Научниците откриле дека генетски го репрограмира црниот дроб да ги троши вишокот на маснотии наместо да ги складира. Со ова помага и да се одржи нормалната телесна тежина, што е важен дел во леквуањето на дијабетисот.

 

Намалување на тежината

Диетата со цитрони е многу применува во последниве години, каде што вклучува јадење цитрони заедно со протеинска храна. Воглавно ова важи за сите , 1 – 2 цитрони на ден помага во намалување и одржување на нормалната телесна тежина.

Во едно испитување кое траело 12 недели и биле опфатени 4 групи на испитаници. Групата што не внесувала никаков производ на цитрон не немалила воопшто од тежината, групата која што внесувала екстракт од цитрон намалила 1 кг, групата која пиела сок од цитрон намалила 1.4 кг, додека групата која го јадела овошјето намалила 1.5 кг.

Јадењето цитрон на резанки половина час кој било оброк ќе Ви помогне да јадете помалку бидејќи влакната што ги содржи ќе Ве направат сити, додека самиот цитрон има многу малку калории.

 

Рак

Во една студија е докажано дека сокот од цитрон ja намалуваат активноста на ензимите кои што го претвораат чадот од цигарите во канцерогенско соединение. Исто така цитронот е богат со флавоноиди (антиоксиданс) кои спречуваат активност на канцерогените клетки. Исхраната коа е богата со овошје и зеленчук го намалува ризикот на појава на рак, а ова е докажано во 1997 од страна на интернационалната лабораторија за борба со ракот.

 

Чир во желудникот

Полските научници докажаа дека екстракт од цитрон може да помогне да се излечи чир во желудникот, со помош на своите антибактериски и антиоксидантски својства со што се смирува гастроналниот трак и се забрзува процесот на заздравување. Научниците веруваат дека екстрактот од цитрон некако се здружува со ензимите кои го помагаат заздравувањето.

 

Забрзување на метаболизмот

Животните кои ги хранат со храна богата со масти и добиваат суплементи од флавоноидот нараингенин, не ја зголемуваат својата телесна тежина.

 

Болести на непцата

Германсите научници откриле дека 2 цитрона на ден во период од 2 недели значително го намалува крварењето на непцата кај луѓето со вакви проблеми. Тие откриле дека цитронот ги зголемува нивоата на витаминот Ц во крвта, кој што е познат во помагањето на заздравувањето на раните и го спречува оштетувањето од слободните радикали.

Пишењето го зголемува ризикот од болести на непцата, а цитронот го спречува настанувањето и кај пушачите и кај непушачите.

Сподели го овој пост!

За авторот : Даниел Трбогазов

Даниел е Дипломиран Проф. по Физичко образование и е главен уредник и основач на порталот Мој Тренер. Работната кариера ја гради како Фитнес Тренер и Инструктор по пливање. Работи со млади и возрасни почетници , луѓе со посебни потреби и нуди простор за индивидуални тренинзи. Неговата основна цел е да ги поттикне младите и возрасните да водат здрав и физички активен живот, а воедно и да даде придонес во збогатувањето на спортската литература на овие простори.

Остави Коментар

Вашиот маил нема да биде објавен.