Лежејќи на тврда постела,тежината на човековото тело рамномерно се распоредува,мускулите целосно се опуштаат, ’рбетот се исправува,се зголемуваат меѓу’рбетните растојанија, а со самото тоа крвните садови се ослободуваат од притисокот. Тоа значи дека ткивата и органите кои што не добиле храна во текот на денот,почнуваат слободно и обемно да се напојуваат со крв и со неа да добиваат се што им е неопходно. Како резултат на тоа, во текот на ноќта од организамот ќе се исфрлат сите отпадни материи коишто се насобрале во текот на денот и ќе дојде до природно оздравување.
Можеби на многумина меката постела која наликува на нишалка им се чини поприманлива а тврдата постела непријатна, но со тоа тие му наштетуваат на своето здравје. Меката постела, само ќе го влоши исчашувањето на пршлените, додека пак тврдата ќе му овозможи на телото да биде во правилна хоризонтална положба која што е потребна за нормална циркулација на крвта, пршлените да не се искривуваат,да нема исчашувања а и со тоа да нема избавување на многу болести.