Не заборавајте да се загреете и оладите при вежбање

Пред да заполнете да вежбате, најпрво мора да се загреете. Загревањето претставува лесна физичка активност каде што го подготвуваме телото да ја издржи интензивната физичка активност што ќе следи во продолжение (тернинг, натпревар).

Загревањето треба да се состои од вежби кои започнуваат со мал интензитет и постепено треба да се зголемува напорот на загревањето. Со правилно загревање се подобрува контракцијата на мускулите за време на вистинската физичка активност. Освен тоа ќе има подобра циркулација на крвта, а со тоа и подобро снабдување на клетките со храна и кислород. Недоволното загревање значи полесно и почесто повредување.

После вежбањето мора да се оладите. Значи загревањето и оладувањето се дел од вежбањето во целина. Ако не се оладиме, тогаш премногу крв ќе имаме во рацете или во нозете, а ова може да предизвика болка. Со нерамномерното распределување на крвта во телото, кислородот ќе се распределува многу поспоро во мускулите. Така остатокот на млечната киселина ќе остане во мускулите и може да предизвика воспаление и болка. Оладувањето се изведува со вежби за истегнување, најчесто на мускулната група која ја имате вежбано.

 

Сподели го овој пост!

За авторот : Даниел Трбогазов

Даниел е Дипломиран Проф. по Физичко образование и е главен уредник и основач на порталот Мој Тренер. Работната кариера ја гради како Фитнес Тренер и Инструктор по пливање. Работи со млади и возрасни почетници , луѓе со посебни потреби и нуди простор за индивидуални тренинзи. Неговата основна цел е да ги поттикне младите и возрасните да водат здрав и физички активен живот, а воедно и да даде придонес во збогатувањето на спортската литература на овие простори.

Остави Коментар

Вашиот маил нема да биде објавен.