Правилната комбинација на храната е алатка која ќе Ви овозможи максимално искористување на храната која ја внесувате и треба да ги применувате правила колку што е можно почесто. За некои правилното комбинирање на храна е напорна работа бидејќи мора да мислите дали одат во комбинација продуктите што сакате да ги јадете, но со тек на време ова мора да стане дел од Вашиот животен стил. Затоа секогаш кога сте во можност правилно да комбинирате, направете го тоа!
►ПРОТЕИНИ (месо, јајца, јаткасти плодови, леугоминози (грав, грашок)) – се комбинираат само со јаглехидрати кои се богати со вода, а сиромашни со шеќери (повеќето зеленчуци). Не се меша ниту различна протеинска храна (пр. месо со јогурт).
►СКРОБНИ ЖИТАРИЦИ (житни растенија, компир, ориз, пченка) се комбинираат само со јаглехидрати богати со вода, а сиромашни со шеќери (повеќето зеленчуци).
►ЗЕЛЕНЧУК – се комбинира скоро со се, освен со овошје (тие се исклучок).
►ОВОШЈЕ – не се комбинира со ниедна храна. Откако ќе јадете овошје не јадете друга храна во период од најмалку 30 мин.