ЗУМБА за топење масти и за добро расположение

Зумбата претставува забавно танцување кое што можат да го користат и мажи и жени, употребуваќи ги ритмовите на салсата, самбата и уште некои латински танци, со цел за поздраво тело со што се зголемува флексибилноста, координацијата и силата. Ова е најкорисно за тие кои сакаат да согоруваат калории и да го изгубат вишокот на тежина.

 

ПРИДОБИВКИТЕ ОД ВЕЖБАЊЕТО ЗУМБА:

Согорува калории, секоја сесија при вежбањето Зумба се согоруваат околу 800 калории, освен тоа се зголемува топењето на мастите што се складирани во различните делови на телото.

⇒Го тонира телото, активноста при различните движења во ритамот на музиката помага да се зацврстат рацете, нозете, задникот и стомакот.

⇒Забавна активност која никогаш нема да Ви здодее, особено ако ја работите во група со други луѓе. Секоја нова сесија танцувате и учите нови движења, додека работите со различно темпо поради целта на вежбањето.

⇒Ве прави среќни, бидејќи вежбањето најчесто го стимулира раасположението и го подобрува квалитетот на сонот.

⇒Ја "исфрла" нервозата и напнатоста, додека ги правите чекорите по танцување се зголемуваат нивоата на хормони и супстанци како што се едофрините кои се предизвикувачи на добро расположении и опуштеност. После вежбањето Зумба ќе се чуствувате смирени, среќни, опуштени и ќе бидете склони кон полесен сон.

⇒Оваа дисциплина можат да ја вежбаат луѓе скоро од сите возрасти, само интензитетот ќе биде различен.

⇒Болката на крајот од вежбањето не е присутна, а и повредите се сведени на минимум. Зумбата не ја зголемува млечната киселина во мускулите со што би се добило воспаление на мускулите.

⇒Се губи забележителна тежина при секое вежбање, преку губиток на калориите. Промените во телото се забележителни, како и намалувањето на сантиметрите околу половината, рацете и нозете.

За да вежбате Зумба облечете удобна облека и уживајте додека вежбате. Запишете се на курс кој се одвива близу Вашето место на живеење или пак вежбајте дома гледајќи ги видеата на интернет. Штета е ако не ги искористите придобивките на забавен начин.

Сподели го овој пост!

За авторот : Даниел Трбогазов

Даниел е Дипломиран Проф. по Физичко образование и е главен уредник и основач на порталот Мој Тренер. Работната кариера ја гради како Фитнес Тренер и Инструктор по пливање. Работи со млади и возрасни почетници , луѓе со посебни потреби и нуди простор за индивидуални тренинзи. Неговата основна цел е да ги поттикне младите и возрасните да водат здрав и физички активен живот, а воедно и да даде придонес во збогатувањето на спортската литература на овие простори.

Остави Коментар

Вашиот маил нема да биде објавен.