Многумина луѓе со кои сум разговарал го мразат зелениот чај поради тоа што има горчлив вкус. Причината која зелениот чај го добива тој одбивен горчлив вкус е тоа што кога водата е претопла или пак кесичката стои предолго во водата се ослододуваат премногу танини. Немора да биде така, зелениот чај ако се подготви правилно има многу привлечен и убав вкус, кој се пие исклучиво без шеќер (по желба 1 лажица мед) и исцеден половина лимон. Еве како правилно да го приготвите:
1 ►Земете празна керамичка шоља и ставете 1 кесичка зелен чај.
2 ►Не користете зовриена вода кога приготвувате зелен чај! Доколку водата зовие, оставете ја да се олади 3-4 мин. пред да ја посипете водата во чашата. Идеалната температура за приготвување зелен чај е 60-80°C.
3 ►Поклопете ја шољата со тацна одозгора и оставете ја така 3-5 мин. Открите ја шољата и брцнете го кесичето неколку пат за да ослободи повеќе чај и извадете го. Додадете лимон и мед по желба.
4 ►Опуштете се и уживајте во чашата полна со здравје.