За да имате мускулести и силни раце, не се важни само бицепсот и трицепсот, тука е и мускулот на полактицата, исто толку важен колку и другите мускули на раката. Еве неколку вежби кои ќе ви помогнат да го зајакнете мускулот на подлактицата.
1. Земате тег од помалите од 2 до 5 кг, зависно од можностите, седнувате на клупа (bench), раката ја потпирате на клупата со тоа што дланката и тегот да бидат подадени надвор од клупата. Правите движења нагоре-надолу само со дланката, додека раката останува потпрена на клупата. Потребни се 3 серии од 8 до 12 повторувања. Пожелно е да ја зголемувате тежината во секоја наредна серија.
2. Потребна ви е шипка, не многу лесна, не многу тешка. Ја земате позади грб и подигате, користејќи ги само дланките, а напорот да паѓа само на подлактицата. Доволни се од 8 до 12 повторувања во 3 серии.
3. Вежбата е слична како првата, земате тег од 3 до 5 кг, раката ја поставувате во иста положба, на клупа, така што дланката да виси надвор од клупата, но овој пат раката треба да ви биде потпрена со долниот дел на клупата. Треба да поткревате само со дланката, а напорот да паѓа на подлактицата. Потребни се 3 серии од 8 до 12 повторувања.
Со овие вежби ќе ги опфатите сите групи на мускули на подлактицата, секако за овој мускул добринесуваат и повеќето вежби кои се за бицепс или трицепс.