Протеините во млекото

Млекото се состои од околу 3.3% протеини, со други зборови 33 гр. протеини во 1л. млеко. Многу е важно да се напомене дека млекото се состои од сите есенцијални (незаменливи) аминокиселини и претставува комплетен протеин.

Мало потсетување дека протеините се  основни градбени блокови на мускулите, кожата, косата и сите клетки во телото. Исто така протеините се потребни за контракција на мускулите, како и во поправка на оштетено ткиво. Играат важна улога во многу функции на телото како ензими, хормони и антитела. Доколку телото се исцрпи од јаглехидрати и масти, протеините можат да се користат како неквалитетен извор на енергија.

Протеините од животинско потекло и тие од сојата ги содржат сите есенцијални аминокиселини, додека на протеините од растително потекло им недостасува 1 или повеќе од есенцијалните аминокиселини. Ова значи дека мора да се јаде храна која ги содржи сите аминокиселини, а млекото супер избор. 

 

Млечните протеини се состојат од 82% казеин и 18% веј протеини. И двата типа на протеини се содржат во млекото, јогуртот и млечниот сладолед. Во повеќето видови сирења, казеинот се коалогира за да формира урда, додека вејот се истиснува и останува во многу мала количина во сирењето.

Веј протеинот е многу популарна состојка на храната како дополнителна состојка која се додава во одреден вид на храна. Веј протеинот се користи како протеински извор на високопротеинските напитоци и енергетските барови наменети за спортистите.

 

Веј протеинот содржи имуноглобини кои се важни за одбрамбената реакција на телото. Во веј протеините се содржи и BCAA – разгранетиот цинџир на аминокиселините леуцин, изолеуцин и валин. BCAA носи многу придобивки кога се во прашање спортистите, бидејќи помага во опоравокот на мускулите и спречување на психичката исцрпеност.

Сподели го овој пост!

За авторот : Даниел Трбогазов

Даниел е Дипломиран Проф. по Физичко образование и е главен уредник и основач на порталот Мој Тренер. Работната кариера ја гради како Фитнес Тренер и Инструктор по пливање. Работи со млади и возрасни почетници , луѓе со посебни потреби и нуди простор за индивидуални тренинзи. Неговата основна цел е да ги поттикне младите и возрасните да водат здрав и физички активен живот, а воедно и да даде придонес во збогатувањето на спортската литература на овие простори.

Остави Коментар

Вашиот маил нема да биде објавен.