Терапијата со тениско топче е евтина опција за да се ослободите од заболените точки (чворовите) и да ги опуштите крутите мускули на телото. Ова е одлична физикална терапија, при што тениските топчиња со различни големини може да ви помогнат да се намали тензијата во заболените области низ телото. Притисокот што се доживува со поставување на тениското топче помеѓу заболената точка во мускулите и ѕидот или доле на подот ќе додаде доволно отпор за да се овозможи мускулната тензија да се ослободи.
КРУТИ ТОЧКИ (ЧВОРОВИ)
Крутите точки се хипер иритација на мускулите кои обично се јавуваат по повреда на мускулите. Повредата може да биде голема траума, како на пример повредата на вратот влијаат лошо на мускулите, и неправилното држење на телото влијае негативно на различни областа на мускулите кој се преоптоварени. Од повредите на мускулите може да чувствувате тешкотии кој предизвикуваат болка, вкочанетост, пецкање и слабост.
ТЕРАПИЈА
Терапијата со тениското топче може да се изведи на неколку различни начини:
– Започнете со поставување на тениското топче помеѓу заболената точка и на ѕидот или подот. Искористете ја тежината на вашето тело, притиснете го тениското топче на заболената точка. Ова може да предизвика привремено зголемување на болката и непријатноста. Задржет за 10 секунди и потоа опуштете се за две секунди. Повторете го истото до две минути или се додека не се почувствува опуштање на крутата точка.
– Друг метод е кога ќе се намали притисокот на крутата точка и се почувствува опуштање потоа притиснете малку посилно за да се види дали има уште еден слој на скрутени мускулни влакна на точката која ја масиратево моментот. Започнете бавно и со пријатно темпо, така што ќе бидете смирени и опуштени.
Искуството со болката може да биде значително.
По масажата со тениското топче опуштете го заболеното место со топол туш или морска сол, со што ќе ви помогне да ги задржите мускулите опуштени и додатно ќе осетите намалување на болката. Исто така, треба да пиете многу вода за да помогнете да се исфрлат токсините од вашето тело, кои се ослободени од терапијата.
'РБЕТНИ МУСКУЛИ
Терапијата која се користи за мускулите кои го поддржуваат 'рбетниот столб, се изведува со поставување на две тениски топки во чорап. Топчињата треба да бидат затегнати во чорапот. Ова ќе ви овозможи да работите со тениските топчиња на мускули на двете страни во исто време на рбетниот столб и да нема притисок врз коските. Започнете со двете тениски топки во средината на задниот дел од вратот додека да се потпрете на ѕид или додека да легнете на подот. Движете се полека, така што тениските топчиња се движат надолу по мускулите кои го поддржуваат 'рбетниот столб . Ако забележите областа на слабост, продолжете ја терапијата со едно единствено тениско топче на местото каде чуствувате слабост.
Најчести места каде со појавуаат крути точки се: надворешниот дел од бутовите и внатрешниот дел на плешката. Доколку тениското топче е преголемо и неможе да навлезе длабоко под плешката каде се наогја крутата точка, тогаш продолжете јамасажата со топче за голф, но внимателно.